Пукање во Чаир, повредено едно лице

- Advertisement -

Денеска околу 18:10 часот во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот Е.А. (35) од Скопје бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, повредениот во болница го донел неговиот брат. Тој на полицијата и појаснил дека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје кога му се приближило едно лице и му пукало во ногата.

Полициските службеници веднаш излегле на терен и преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот. Тие извршиле увид на местото на настанот и собираат сведочења за да го идентификуваат сторителот и да го расветлат овој случај, соопштија од полицијата.

Повредениот е хоспитализиран и му се укажува потребната медицинска помош. Неговото здравје е стабилно.

Пред десет дена во Чаир исто така имаше пукање во кое беше повредено едно лице.

Пукањето, како што информираа од МВР, се случило на улицата „Цветан Димов“, а во повредениот било пукано од возило „пасат“.

Сподели ја оваа статија