Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност
ЕКОНОМИЈА

Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност

Објавено October 28, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност.

Ова денеска после надзорот во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, порача Мицкоски.

Најави дека после надзорот на овој дел од Коридорот 8, во сабота со одговорните лица од конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе го посетат и другото место каде што се гради, а тоа е делницата помеѓу Прилеп и Битола.

Тоа е она коешто треба да претставува наш приоритет, а од работата изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП, можеме да забележиме дека се направено двојно, тројно повеќе работи споредено со две години претходно. И тоа се гледа. И сега веќе ова не е магија, не е илузија, ова е вистина. Ги гледаме работите на терен како се работат, рече Мицкоски.

Овие преговори заедно со раководството на компанијата „Бехтел“ започнаа уште при оние контакти во Вашингтон, кога бев на посета во Вашингтон, на Самитот на НАТО, продолжија тука и гледате еве кога ќе се постигне заеднички, кога ќе има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок. Тој напредок сите можеме сега да го видиме и јас сум навистина горд што сме денеска овде и што во периодот којшто следи ќе имаме уште многу пријатни и убави вести за вас, за македонската јавност и македонските граѓани, најави дел и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николовски. Така што, уште еднаш сакам на сите да им се заблагодарам за учеството, за придонесот во изминативе би рекол ефективни три месеци. Тоа се луѓето пред сѐ во Јавното претпријатие за државни патишта коишто го координираат целиот овој процес заедно со луѓето од конзорциумот „Бехтел и Енка“, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина, јас колку можам помагам нормално онаму каде што се бара и моја помош, Амбасадата се разбира на Соединетите Американски Држави. Да се заблагодарам на вас медиумите коишто го следите овој процес и да посакам уште многу многу вакви убави, би рекол, моменти. Се разбира тука нераскинлива алка се и општините низ коишто ќе поминуваат овие коридори. Благодарност и до градоначалниците, порача Мицкоски.

Заедно со премиерот, увид во работата на автопатот Гостивар-Букојчани извршија и потспретседателот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, директорот на ЈПДП Коце Трајановски и американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење
Следна Статија Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 600 прехрамбени производи ќе се најдат на новогодишната кошничка

Во новогодишната кошничка списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат . Овој пат…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Важно известување на УЈП во врска со исплатата на МојДДВ

Управата за јавно приходи информираше дека во нивниот систем за четвртиот квартал од 2024 година за 5,157 кориснички профили нема…

February 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента

Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект

Соединетите Американски Држави воведоа 33 отсто царина за македонските производи, а Владата смирува и порачува дека нема потреба од никаква…

April 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?