Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори
БАЛКАН

Рама: Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Објавено October 15, 2024 15:50
Сподели
Сподели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’ уште не ги почна преговорите за членство, додека денес тоа го направи Албанија.

За време на прес-конференцијата по отворањето на пристапниот процес за Тирана, Еди Рама изјави дека билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава.

„Со спречувањето на Македонија, а потоа и Северна Македонија, и се нанесе голема штета на државата, голема штета на луѓето и со тоа и голема штета на регионот“, истакна албанскиот премиер.

До ЕУ порача: Кажете и’ дека не ви се допаѓа нејзиното име кога ќе стане членка, но дозволете и’ да функционира како земја членка на ЕУ.

Рама изјави и дека Македонија беше пред 20 години неспорно ориентирана кон западната евроатлантска заедница, а сега работите се менуваат.

„Тажен сум што нашите браќа од Македонија се уште не може да влезат во фазата од преговорите во кои сега е Албанија, иако беше меѓу првите, ако не и прва, што го почна овој процес меѓу државите во регионот. Па кога зборувам за нашите понижувања затоа што три пати по ред бевме одбивани за почеток на пристапните преговори, тогаш се чувствувам некако засрамено затоа што морам да помислам на понижувањата на Северна Македонија. Тие го сменија името и за да можат да започнат преговори. Историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за која било земја“, рече Рама.

Во врска со заедничкиот пат на Албанија со Македонија кој од денес се раздвојува Рама изјави дека двете држави низ годините биле како Владимир и Естрагон кои го чекаат Годо, а Брисел во тоа време изгледал како Семјуел Бекет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани
Следна Статија Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

БИА преку дупка во ѕидот ја снимила машината за мелење луѓе на Веља неволја

Владан Милиќ, шеф на оперативната форензичка група, денеска сведочеше на судењето на членовите на криминалната група Беливук-Миљковиќ во Специјалниот суд…

January 16, 2025
БАЛКАН

(Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, вчера „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот…

September 19, 2025
БАЛКАН

Вучиќ објави дека во Србија се случил обид за „вистински државен удар“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“, бидејќи биле…

June 2, 2025
БАЛКАН

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?