Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РЕК Битола го раскинала договорот со Марковски Компани, активирана банкарската гаранција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > РЕК Битола го раскинала договорот со Марковски Компани, активирана банкарската гаранција
ЕКОНОМИЈА

РЕК Битола го раскинала договорот со Марковски Компани, активирана банкарската гаранција

Објавено December 5, 2024 21:10
Сподели
Сподели

РЕК Битола го раскина договорот со „Марковски Компани“ за ископ на јаглен и јаловина поради сериозни пропусти и несовесно извршување на обврските. Директорот на термоелектраната, Тони Петрушевски, соопшти дека со раскинувањето на договорот активирана е банкарската гаранција од речиси 2 милиони евра.

„Оваа компанија не само што не ги исполни договорените количини јаглен, туку и директно ја загрозила енергетската стабилност на државата. Несоодветната динамика на отстранување на јаловината ја наруши геомеханичката стабилност на рудникот „Брод Гнеотино“, изјави Петрушевски.

Тој додаде дека на раскинувањето му претходеле бројни опомени и укажувања, но фирмата продолжила со несовесен однос кон обврските. Договорот, склучен на 13 февруари годинава, овозможувал раскинување доколку една од страните не ги извршува обврските.

Тендерот вреден 46 милиони евра се однесува на ископ на јаглен во рудникот „Брод-Гнеотино“. Сепак, според податоците на Бирото за јавни набавки, „Марковски Компани“ има склучено повеќе од десет други договори со РЕК Битола, кои се уште се активни. Последните три тендери, кои фирмата ги доби за неколку месеци, тежат околу два и пол милиони евра.

„Марковски Компани“ во изминатите години стана најголемиот добитник на тендери за ископ на јаловина, со вкупно 20 договори вредни 52 милиони евра. Ова предизвика критики од опозицијата, која тврди дека тендерите биле „местени“ и користени за лична добивка, особено за време на владеењето на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крешник Бектеши: УЧК е дел од нашата држава!
Следна Статија Сиљановска Давкова: Достигнувањата на Институтот за тутун значително влијаат на македонската економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Визер“ почнува со продажба на билетите за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт

Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона,…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ветерните лидери предупредуваат на глобален ‘прелив’ од зелениот удар на Трамп

Суспензијата наoffshoreрските обновливи проекти во САД додава неизвесност на пазарот

January 13, 2026

MacBook Pro по невероватна цена: Можете да го добиете за само 400 долари

Брза понуда која нема да трае долго - не пропуштајте ја шансата!

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?