Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки

Објавено December 27, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Доколку до крајот на денот, сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница не ги додадат основните прехранбени производи, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање дали се додадени основните производи во новогодишната кошничка.

Според Ристески, дел од маркетите се одзвале и веќе ги вклучиле основните прехранбени продукти во новогодишната кошница меѓу кои јајцата, маслото за јадење, шеќерот, млечните и месните производи.

По укажувањето на Владата и на Министерството за економија и труд до сите трговци на мало, односно маркети да вклучат и дополнителни, основни прехранбени производи кои не беа влезени во кошницата да бидат намалени, меѓутоа им беа покачени цените, гледам дека се одзваа голем број маркети со дополнителни производи, па имаме околу 50 прехранбени производи, како млечни производи, односно сирење кашкавал, месо, месни производи, па масло, јајца, кафе, шеќер и така натаму. Со ова, мислам дека уште повеќе се комплетира новогодишната кошничка – изјави Ристески, кој денеска ги посети дневните центри во Прилеп, за лицата со церебрална парализа и Дневниот центар за лица со попречености „Ѕуница“.

Тој нагласи дека до крајот на денот ќе се чека сите маркети вклучени во акцијата да ги стават основните производи со попуст од барем 10 проценти. Доколку не го направат тоа, најави, ќе има непопуларни владини мерки и одлуки.

Пазарната инспекција ќе биде нон-стоп на терен. И доколку до крајот на денот тоа не се случи во сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните во овој период околу Нова Година и празниците – изјави Ристески.

Според заменик – министерот за економија и труд првите денови со примената на мерката за новогодишната кошница, имаше намалување на цените на повеќе од 1100 производи, опфатени со акцијата, со најмалку 10 проценти.

Но, за разлика од нив имавме покачување на други основни производи кои не беа влезени во новогодишната кошница. Сега и тие производи се додадени и затоа анализата на крајот на денот ќе покаже дали Владата ќе оди или не со мерки – рече Марјан Ристески, заменик министерот за економија и труд.

Тој се надева дека по новогодишната кошничка, резултатот според статистиките ќе биде во корист на заштедата во буџетот на просечното македонско семејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции
Следна Статија Недостастуваат 100 вработувања на Инфективната клиника во Скопје, никој не сака да специјализира инфективни болести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски за геополитиката и геоекономијата (ВИДЕО)

Поранешниот министер за финансии и економски експерт Кирил Миноски гостуваше во емисијата Заспиј ако можеш каде говореше за геополитичката и…

April 1, 2025

Банката на Јапонија ги зголеми каматните стапки на highest ниво во последните 30 години

Зголемувањето се случува во контекст на растечка инфлација и слаба јапонска економија

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Во новата година очекуваме подобри резултати втемелени на нашиот концепт заснован на инвестиции

Минситерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека политиките што ги спроведува новата Влада на крајот на оваа година да донесат…

January 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Истекува рокот за проверка и потврда на ГДП пријавите за остварените приходи за 2024 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на годишната даночна пријава за…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?