Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, апелираат од ВМРО ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, апелираат од ВМРО ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, апелираат од ВМРО ДПМНЕ

Објавено December 22, 2024 11:10
Сподели
Сподели

СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите факти и докази се уште жестоко го бранат Груби, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Врската помеѓу СДС и Груби не е ништо повеќе од класична шема на системски криминал во кој СДС и ДУИ ги искористиле државните институции и ги претвориле во механизам за заштита на соптвените криминали, наведуваат од партијата.

„И Дуи и СДС и сите знаат дека Лотарија била перална на пари, а Груби правел милионски криминал но молчеле за да не падне владата, молчеле за да опстане коалицијата и да продолжат со криминалот, корупцијата и тендерите во четири очи.

СДС наместо како аматерски сценаристи секојдневно да смислуваат сценарија и приказни за Груби во кој не веруваат ниту малите деца да го повикаат на одговорност“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев, Венко Филипче, и Димитар Ковачевски знаеле за криминалот на Груби но го толерирале и не го гонеле, за да купат ден повеќе, и да продолжат со криминалот на штета на граѓаните.

После 7 години, позади плаштот на реториката која ја проектираа СДС-ДУИ како „гарант за реформи, прогрес и институционална правичност“ на површина излезе грубата вистина за СДС како свесни соучесници со ДУИ во најбруталниот грабеж на Македонија.

Институционалниот хаос кој произлезе од СДС-ДУИ ја доведе Македонија до крајна точка на економска, правна и морална деградација.

СДС поради политички конформизам не само што го амнестирале Груби туку и овозможиле континуитет на грабежот.

СДС и ДУИ се партнери во криминалот.

Груби како десна рака на Ахмети и втор човек во владата на СДС-ДУИ е симбол на аморален субјект толериран од СДС заради личен профит.

Бегството на Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија.

Одговорност за целосниот колапс на системот мора да има“, топенцираат во соопштението.

-Време е за одговорност, работа и посветеност. Време е да се врати интегритетот на институциите, да се унапреди демократијата и завладее правото и правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Зачнување на св. Ана
Следна Статија Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но треба да има отстапки за одредени дејности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова ветува фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка

Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бијар Османи денеска изјави дека од…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Филипче: Секое новороденче во следните 25 години ќе должи 6.000 евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?