Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, температура или анксиозност, вели Мицкоски

Објавено November 27, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, вели премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“.

До Обвинителството, Мицкоски рече дека имаат доставено повеќе од стотици случаи каде има основа за кривични дела, но дека тие секогаш тие наоѓаат начин да ја опструираат акцијата.

Секоја седница на Влада читаме ревизорски извештаи и на секоја седница на Влада директно јас го прашувам ревизорот дали има основ за кривични дела и дали е тоа доставено до обвинителството и на секоја седница на Влада го добивам истиот одговор – да, доставено е, што значи дека имаме повеќе од стотици случаи доставено до обвинителството. Дали вие сте слушнале освен тоа кога на некој обвинител кога треба да потпише налог за приведување, или претрес итн. му се слошило, добил дијареја, со гушење, зголемена температура или добила итн. Секогаш тие наоѓаат некаков начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот. Јас сум жестоко разочаран од ова што се случува денеска, но верувајте нема да биде уште долго, туку ќе влеземе во една робусна акција и ако треба со тие корумпирани обвинители и судии ќе се справиме и на поинаков начин – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на КОСТАЛ Македонија.

Тоа, нагласи Мицкоски, го кажувам долго време и, како што посочи, затоа има разбирање „за граѓаните зошто велат добро е, работите, но никако да се справите со криминалот и корупцијата“.

Се додека тие луѓе се присутни и во обвинителството и во судството за жал ние не може да можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот и корупцијата и сенките од минатото коишто се дел од политичко мочуриште кое што го зароби обвинителството и судството – изјави Мицкоски.

Прашан што се презема за да се намали иселувањето Мицкоски, рече дека „се што треба ќе направиме и правиме да ги вратиме луѓето, кои што заминаа, дома“ и оти затоа е потребна правда.

На нив им треба надеж, а мислам дека полека, но сигурно надежта се враќа, со исклучок на една работа. Тука признавам и жалам зошто е така, затоа што секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите. Секогаш кога треба правдата да ја испорачаат органите на редот и тука ќе влеземе робусно во периодот што следи, нема повеќе трпение, заврши трпението – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маурицио Сари ќе го наследи Пикси на клупата на Србија?
Следна Статија Масовна тепачка во кафеана во Карпош, причина плаќањето на сметката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Американската амбасадорка Агелер со отворено писмо до македонските граѓани

Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на Соединетите Американски Држави во оваа прекрасна земја. Тогаш, како и…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје заслужува раководство со визија, ентузијазам и решителност

Скопје е пред големи предизвици, но верувам дека со рационално, транспарентно и енергично раководење може да стане град каков што…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Крушево: Нашата држава секогаш ќе го негува споменот на Тоше

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, на социјалната мрежа „Х“ изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?