Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан
СВЕТ

Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан

Објавено October 14, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Европската Унија е целосна само ако Западен Балкан е нејзин дел, а земјите од регионот треба да преземат дополнителни чекори кон заедничка иднина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската унија во рамките на Берлинскиот процес.

Шолц нагласи дека сите знаат колку регионот на Западен Балкан сè уште е обликуван од конфликтите од минатото и дека е време тие да се надминат и регионот да се насочи кон иднината.

Затоа сакам да им порачам на нашите пријатели од Белград и Приштина да не дозволат минатото да ги врати назад од патот кон мирна и просперитетна иднина. Сè уште сум уверен дека таа иднина лежи во ЕУ, а единствениот пат до таму е целосната имплементација на постигнатите договори. Посветени сме на решавање на билатералните прашања во духот на соработка и со мирољубиви средства. Тоа е она за што се залага Берлинскиот процес, потенцираше Шолц.

Тој ја пофали и деблокадата на ЦЕФТА-договорот за слободна трговија, бидејќи тоа, како што рече, овозможува активирање на неколку други договори, како договорите за работни дозволи и патеките на е-трговија.

Деблокадата на ЦЕФТА-договорот не е единствената одлука што ќе ја донесеме денеска. Ќе потпишеме и два документи што ќе им го олеснат секојдневниот живот на луѓето. Едниот од нив е новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар, кој претставува основен документ за понатамошно продлабочување на економската интеграција. Ова ќе ја направи прекуграничната работа помалку комплицирана и значително ќе ве приближи до стандардите на ЕУ, додаде Шолц.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светската банка: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост
Следна Статија ФОТО: Новите питомци на Воената академија положија заклетва, Мисајловски им честиташе на изборот да чекорат во институцијата со најголема доверба кај граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“,…

June 23, 2025
СВЕТ

Мерц му подари на Трамп крштеница од дедо му Германец (ВИДЕО)

За време на нивниот прв официјален состанок во Овалната соба вчера, германскиот канцелар Фридрих Мерц му подари на американскиот претседател…

June 6, 2025
СВЕТ

Трамп планира да почне со масовна депортација на мигранти во Чикаго, пишува „Волстрит журнал“

Претседателската администрација на САД на Доналд Трамп планира да почне голема имиграциска депортација во Чикаго ден по неговото преземање на…

January 18, 2025
СВЕТ

Доналд Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд (МКС), обвинувајќи го за „преземање незаконски…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?