Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта
СПОРТ

Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта

Објавено November 29, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти дека ја прифаќа одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) во случајот со светската тенисерка број 2, Ига Швионтек.

Претходно денеска се дозна дека полската тенисерка дала позитивен допинг тест. Нејзиниот тест на 12 август 2024 година покажал присуство на забранетата супстанција „триметазидин“. Меѓутоа, истрагата утврдила дека изворот на супстанцијата е контаминиран лек, па ИТИА одлучиле дека нема невнимание од страна на Швионтек.

-ВТА целосно ја поддржува Ига во овој тежок момент. Таа постојано демонстрираше посветеност на фер-плејот и почитување на принципите на чист спорт, а овој несреќен инцидент ги истакнува тешкотиите со кои се соочуваат спортистите при употребата на лекови и додатоци, се вели во изјава на Женската тениска асоцијација, цитирана од светските агенции.

ВТА, исто така, забележува дека останува посветена на својата поддршка за чист спорт и ригорозни процеси кои го штитат интегритетот на натпреварувањето.

Швионтек оваа година освои четири ВТА титули и Ролан Гарос, забележувајќи вкупно 61 победа и 9 порази. Нејзе ќе и биде одбиена паричната награда за учество во Синсинати бидејќи турнирот се одржа веднаш откако и бил земен примерокот.

Што е триметазидин

Таа има позитивен резултат на допинг тест за недозволената супстанца триметазидин. Овој лек кој се користи за проблеми со срцето и го подобрува протокот на крв е на листата на забранети супстанци. Ига доби забрана да игра од страна на Меѓународната организација за интегритет во тенис (ITIA) на еден месец, иако го отслужи најголемиот дел од казната додека процесот беше во тек.

Интересно е да се истакне дека триметазидин е одобрен лек во Полска, но не и на глобално ниво. Ова е невообичаен случај, бидејќи одобрувањето во една земја не значи автоматски одобрување ширум светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанец е снимен како ја крши таблата на српскиот конзулат во Куманово, полицијата го бара
Следна Статија (ВИДЕО) Црквата Нотр Дам е отворена по страшниот пожар, реставрацијата чинела 700 милиони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Меси: Секогаш му се восхитував на Зидан и страдав затоа што е од Мадрид

За многумина Зинедин Зидан е еден од најдобрите играчи во историјата. Легендарниот Французин освои се како играч. Беше светски првак,…

November 18, 2024
СПОРТ

Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад

Новак Ѓоковиќ беше подобар од Рафаел Надал со 6-2, 7-6 и го освои третото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“…

October 19, 2024
СПОРТ

(Видео) Проектилите на Деклан Рајс го уништија Реал, Интер победи во Минхен

Арсенал и Интер полека можат да размислуваат за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал го прегази Реал со…

April 9, 2025
СПОРТ

Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго. На „Сантијаго Бернабеу“…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?