Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска

Објавено January 28, 2025 10:40
Сподели
Сподели

За време на престојот во Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посети една од најстарите високо-образовни институции – Јагелонскиот универзитет во Краков, како и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде оствари средба со полски слависти и македонисти.

Во разговорот, претседателката беше запознаена со историјата на Универзитетот и Лекторатот по македонски јазик, работата и научните достигнувања на полските слависти и македонисти, со интересот на полските студенти за изучување на македонскиот јазик, како и со нивните активности, проекти и заложби за промоција на македонскиот јазик во Полска.

Македонистите вклучени во Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, говореа за културната и образовната размена меѓу двете земји, како и за македонско-полското пријателство. Воедно, тие укажаа на потребата од поголема државна поддршка во финансирањето на преводи и научни трудови од македонски на полски јазик и обратно.

Претседателката Сиљановска-Давкова го поздрави нивниот долгогодишен образовен ангажман во негувањето и промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура и изрази благодарност за посветеноста на полските македонисти во афирмацијата на македонската реч и мисла во меѓународната академска средина. Таа вети дека ќе се заложи за интензивирање на научната соработка, со што се релативизира далечината меѓу двете земји.

Соговорниците изразија особено задоволство што, покрај на Јагелонскиот универзитет каде Лекторатот по македонски јазик е отворен уште во академската 1974/75 година, македонскиот јазик се изучува и во други образовни институции во Полска. Имено, Лекторат по македонски јазик активно функционира и на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломски до докторски. Македонскиот јазик како главен предмет се изучува и на Катедрата за словенска филологија при Универзитетот „Адам Мицкјевич“ во Познањ, а како втор предмет е воведен и на Универзитетот во Ополе.

Воедно, претседателката го посети и музејот на Јагелонскиот универзитет „Collegium Maius“ – најстарата зграда на Универзитетот, која датира од 14 век и континуирано се користи повеќе од 600 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје
Следна Статија Мицкоски: Претходната влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ и прифаќаше договори со цел криминалот да им биде простен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еден вработен во ЗОО Скопје утре ќе се тестира за птичји грип

Еден од четворицата вработени во скопската Зоолошка градина веќе утре ќе биде тестиран за птичји грип бидејќи пред два дена…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот за одбрана Мисајловски празнично ги награди хероите на Армијата по повод Илинден

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод најголемиот македонски празник, положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, место кое…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?