Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Обвинителството да постапи по допрен глас за случаите со Артан Груби и Енвер Беџети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Обвинителството да постапи по допрен глас за случаите со Артан Груби и Енвер Беџети
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Обвинителството да постапи по допрен глас за случаите со Артан Груби и Енвер Беџети

Објавено December 10, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика Јавното обвинителство да постапи по допрен глас во врска со случајот за Артан Груби, но и за апелацискиот судија Енвер Беџети, кои од вчера се најдоа на „црната листа“ на Стејт департментот поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректорот на поранешната УБК, Сашо Мијалков.


Не смееме, рече претседателката, како досега да останеме мирни, а оние кои се нашле на црните листи да продолжат со своите редовни активности.

Постојат во меѓународното право и во меѓусебните односи начини како да се дојде до тие докази и да се започне постапка зашто во спротивно, ние не реагираме тогаш кога мора да реагираме и на тој начин го толерираме беззаконието. Очекувам Судот, јавниот обвинител да почне да постапува. Секогаш велам дека пресумпцијата на невиност важи за сите нив, но затоа мислам дека е редно надлежните органи да постапуваат“, изјави Сиљановска-Давкова.


Особена загриженост, според претседателката, е тоа што на „црната листа“ на САД е и судијата Енвер Беџети, зашто, како што рече, судот треба да биде синоним на почитување на правото и правдата. Додаде дека се чини оти неправдата и владеењето на пресилни луѓе ги направиле иснтитуциите слаби.

Поради што, како што рече, потребни се итни реформи и чекори во сите органи.

Оние два проценти на доверба во судството всушност значат целосна недоверба во судството, зашто два отсто е рамно на статитичка грешка. Сериозно треба да размислиме дали всушност се креирал еден партизиран и политизиран судски систем. Значи, треба да се тргне не само од конкретниот случај, туку да се види навистина како сите во судскиот систем се нашле на определени позиции и тука не можам да не кажам дека најголемиот дел од вината лежи во оние два најважни органи – Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, бидјеќи тие треба да бидат чувари на независноста на судството“, додаде претседателката на државата.


Посочи дека во демократски држави, првиот чекор во вакви случаи би го направиле членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Ако се таму заради правото и правдата, како што рече, а се случува она што се случува, оставката би била најнормалниот чин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции
Следна Статија Агелер: Се надевам дека ниту една политичка партија или личност не би работела на дестабилизација на својата земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Трпеноски: Надлежните во Обвинителство итно да постапуваат по сомнежите за криминали во и од ФИТР

Обвинителството веднаш да се фати за работа, да ги разгледа пријавите и сите сомнежи за сторениот криминал во Фондот за…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Земјиштето на Мијалков во Гевгелија го купи фирма во која и балерина до лани била еден од сопствениците

Друштвото за градежништво Енерго максистем ДООЕЛ Скопје е новиот сопственик на атрактивната градежна парцела во Гевгелија, која беше конфискувана од…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка

Да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца загинати во тежок судир утрово на патот Прилеп-Битола

Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?