Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
БАЛКАН

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица

Објавено November 30, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

– Да, се слушна експлозија во каналот за вода и полициските екипи работат на што поскоро расчистување на случајот, изјави Елшани.

Извори од косовското обвинителство изјавија за ТВ Коха дека првичните сомнежи се оти експлозијата имала за цел „да ја оштети критичната инфраструктура на Косово со цел да го блокира протокот на вода што се користи за ладење во процесот на производство на електрична енергија во термо-електраните Косова А и Косова Б“.

Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на дел од каналот Ибар-Лепенец.

Претпријатието ги повика граѓаните да обезбедат резерви на вода за пиење. Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на косовскиот север, населен со мнозинско српско население.

Во Звечан бомби беа фрлени врз полициската станица и во дворот на општината. По овие два напади, косовската полиција вчера соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки на ниво на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
Следна Статија Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што сега ја контролира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се…

November 18, 2025
БАЛКАН

Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност

Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите…

March 8, 2025
БАЛКАН

Teлохранителот на Милошевиќ тврди: Атентатот врз Глигоров беше поради тоа што сакаше Македонија да се врати во Југославија

Поранешниот телохранител на Слободан Милошевиќ, Горан Пајиќ, откри непознати детали поврзани со атентатот на поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров. Според неговите тврдења Глигоров,…

November 12, 2024
БАЛКАН

Во Атина судири меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ дошло до судири меѓу полицијата и група непознати лица во близина на полициската…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?