Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синер ја одбрани титулата на Австралија опен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Синер ја одбрани титулата на Австралија опен
СПОРТ

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Објавено January 26, 2025 13:03
Сподели
Сподели

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен. Првиот носител во финалето го победи Александар Зверев со 6:3, 7:6, 6:3. Мечот траеше два часа и 42 минути.

Синер ја освои третата Гренд слем титула во кариерата, откако минатата година победи во Мелбурн, а потоа и на Ју-ес опен.

Зверев и во третото Гренд слем финале остана со празни раце. Претходно доживеа пораз од Доминик Тим на Ју-ес опен во 2020 година и Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година.

Италијанецот ја продолжи доминацијата, ја забележа 21. последователна победа, вклучувајќи го и крајот на минатата сезона. Синер ќе остане прв на АТП листата, сега со повеќе од 3.000 поени пред второпласираниот Зверев.

Колку Јаник беше доминантен во мечот за трофејот говори и фактот што Зверев немаше ниту една брејк шанса во текот на целиот меч.

Синер во првиот сет му го одзеде сервисот на противникот во осмиот гем. Во вториот сет, во тај-брејкот, клучен беше деветтиот поен, кога при резултат 4:4, топчето по ударот на Синер удри во сајлата и падна таму каде што Зврев не можеше да стигне.

Во третиот сет, Италијанецот направи брејк во шестиот гем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Близнаци – недела, 26 јануари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Овен – недела, 26 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Германските навивачи се спремни за СП (ВИДЕО)

Германската репрезентација според коефициентите е петти фаворит на СП. Атмосферата полека се загрева а пристигна и официјалната навивачка песна песна…

June 1, 2026
СПОРТ

Дисциплинската комисија на ФФМ драконски ја казни Победа за инцидентот против Шкендија Арачиново

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку важи одлуки. Најголема казна му е изречена на…

November 6, 2025
СПОРТ

Вардар вечерва го почнува патот кон Лигата на шампионите

Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини…

July 7, 2026
СПОРТ

Лига на нации: Македонија ги доби Шкотска, Швајцарија и Словенија

Македонската репрезентација се наоѓаше во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?