Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје заслужува раководство со визија, ентузијазам и решителност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје заслужува раководство со визија, ентузијазам и решителност
МАКЕДОНИЈА

Скопје заслужува раководство со визија, ентузијазам и решителност

Објавено January 21, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Скопје е пред големи предизвици, но верувам дека со рационално, транспарентно и енергично раководење може да стане град каков што граѓаните заслужуваат, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претендент за предводник на градската власт, во интервју за МКД.

„Ми претставува исклучителна чест што истражувањата покажуваат дека ја имам довербата на граѓаните за да ја преземам и оваа значајна улога. Скопје е град со огромен потенцијал, но и со големи предизвици. Град кој заслужува раководство кое ќе биде блиску до своите жители, кое ќе ги слуша нивните проблеми и кое ќе работи на тоа да создаде средина каде граѓаните ќе можат да живеат достоинствено, каде секој денар ќе се троши рационално и каде јавната администрација ќе биде во целосна служба на луѓето. Силно верувам дека најдоброто допрва доаѓа и дека со заеднички сили можеме да направиме значајни чекори напред. Скопје заслужува раководство со визија, ентузијазам и решителност, кое ќе го врати неговиот сјај и ќе го направи модерен европски град, вели Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека по преземањето на градоначалничкиот мандат, Општина Кисела Вода била со долг од 3 милиони евра, а во последната, четврта година веќе има историски најголемиот буџет досега. Исто така, 95% од предвидените проекти од предвидената програма се веќе завршени. Станува збор за инфраструктурни решенија за подобрување на секојдневниот живот на жителите на општината – од изградба на улици и канализации до модернизација на јавниот простор и поддршка за предучилишното и училишното образование, спортот и културата.

Како претседател на ЗЕЛС, тој смета дека рамномерниот развој и децентрализацијата се клучни за напредокот на нашата држава.

„Цврсто верувам дека секој граѓанин заслужува исти услови за живот, без разлика дали живее во голем град или во помало населено место. Моите заложби како претседател на ЗЕЛС се насочени кон тоа општините да добијат поголеми овластувања и ресурси за да можат што посамостојно да ги решаваат локалните предизвици. Во текот на изминатиот период, во соработка со Владата, започнавме бројни иницијативи кои имаат за цел да обезбедат рамномерен регионален развој. Ова е неопходно за да спречиме миграции од помалите општини и да создадеме услови за подобар живот низ целата држава, вели Ѓорѓиевски.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, 10 загинати и 32 повредени
Следна Статија Американски сенатор со блузон и бермуди се појави на инаугурацијата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд.…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ковачки: МВР прави исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој зборуваше за актуелни теми, за…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Институтот за трансфузиона медицина: Располагаме со доволно количини на крв

Институтот за трансфузиона медицина информира дека располага со доволни количини на крв и крвни компоненти од сите крвни групи. -…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска инаугурација на Трамп, ќе присуствува и премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?