Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со победа утре против Ерменија повторно ќе се бори за пласман на СП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Со победа утре против Ерменија повторно ќе се бори за пласман на СП
СПОРТ

Со победа утре против Ерменија повторно ќе се бори за пласман на СП

Објавено October 12, 2024 21:05
Сподели
Сподели

Во пресрет на утрешниот натпревар од Лигата на нации против селекцијата на Ерменија, на денешната прес-конференција во Ереван, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ја потенцираше важноста на средбата од која може да зависи победникот во групата.

„Кажав дека натпреварите меѓу Македонија и Ерменија ќе одлучуваат за првото место во групата и стојам зад таа изјава. Пред почетокот на овој октомвриски циклус целта ни беше да останеме на првото место. Не е важно како ќе дојдеме до таа цел, треба само да ја оствариме“, изјави Милески на официјалната прес – конференција во Ереван.

Македонската репрезентација во четвртокот триумфираше на гостински терен над Летонија со 3-0 и е првопласираната во групата Ц4 со седум бодови, три повеќе од второпласираната Ерменија, која ремизираше на гости со Фарски Острови (2-2).

„Пред почетокот на овој октомвриски циклус целта ни беше да останеме на првото место. Не е важно како ќе дојдеме до таа цел, треба само да ја оствариме. Целата подготовка е насочена кон Ерменија и како треба да изгледаме на терен. Не сакаме да мислиме на комбинации, за тоа ќе размислуваме во ноември. Утрешниот меч ќе биде поинаков од тој пред три години, а и од последниот минатиот месец. Како да е судбина да играме против Ерменија, квалитетни се и нема да ги потцениме“, посочи Милевски.

Голманот Столе Димитриевски оцени дека дуелот против Ерменија може да се покаже како одлучувачки за првото место во групата.

„Овој натпревар можеби е одлучувачки за првото место во групата, па ако со победа го осигуруваме првото место, тогаш нека биде и минимална победа од 0-1, но да бидеме први“, изјави стандардниот голман на македонската репрезентација Димитриевски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Направил торта за внуката со ликот на Тејлор Свифт, па добил урнебесни коментари
Следна Статија Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лионел Меси со нов договор во Интер Мајами

Лионел Меси и официјално потпиша нов договор со Интер Мајами, со кој ќе остане дел од клубот до крајот на…

October 24, 2025
СПОРТ

Нори го елиминира Алкараз од Мастерсот во Париз

Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го заврши својот настап на Мастерсот во Париз во второто коло. Алкараз беше слободен…

October 29, 2025
СПОРТ

Светското клупско првенство ќе продолжи, ќе се одржува на секои четири години

Шефот на Одделот на ФИФА за глобален развој на фудбалот Арсен Венгер ги отфрли критиките дека Светското клупско првенство е…

July 11, 2025
СПОРТ

Маестрален Јокиќ, Денвер се избори за мајсторка (ВИДЕО)

Денвер со 119-107 ја победи Оклахома во шестиот натпревар од полуфиналната серија на западот и се избори за мајсторка која…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?