Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката
ЕКОНОМИЈА

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Објавено October 27, 2024 12:37
Сподели
Сподели

Народната банка дисеминира статистички податоци според највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд, беше посочено на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Емилија Нацевска и директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, одржан во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во Вашингтон, САД. Квалитетното, навремено и транспарентно извршување на статистичката функција од страна на Народната банка е од витално значење за обезбедување на макроекономската стабилност, водењето на монетарната политика, и носењето квалитетни одлуки од страна на носителите на економските политики.

Во согласност со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на ММФ – СДДС плус, Народната банка редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Така, од октомври минатата година, Народната банка започна да ги објавува неконсолидираните кварталните финансиски сметки, состојби, а од крајот на месецов ќе почнат да се објавуваат и податоци на консолидирана основа. Во тек се подготвителни активности за податоците за финансиските текови, кои ќе почнат да се објавуваат од 2025 година.

Во делот на екстерните статистики, во тек се два проекта за електронско известување за натамошно олеснување на процесот на доставување податоци до Народната банка. Kaj монетарната статистика, се продолжува со активностите од проектот за интегриран систем на прибирање на податоци од банките и штедилниците, за статистички и супервизорски цели.

Годинава за првпат беше објавен и Прегледот на „зелените“ показатели, чија цел е да се подобри достапноста на овие податоци, што е од клучно значење за анализите поврзани со климата и креирањето политики, како и да придонесе за подобро следење на одржливоста на финансискиот систем и економијата и да помогне подобро да се следат трендовите на „зелените“ пазари на капитал. Народната банка постојано применува и практики за зајакнување на транспарентноста и остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци, беше посочено на состанокот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија: Маж загина откако бил удрен со автомобил
Следна Статија Проруската партија на моќниот милијардер победи на изборите во Грузија: Опозицијата одбива да го признае поразот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Амазон доби одобрение за изградба на огромен малопродажен простор во Орланд Парк

Проценетиот простор од 230.000 квадратни стапки ќе им понуди на купувачите општа стока и прехранбени производи

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско

Почна садењето на тутунот од годинашнава реколта и во Пелагонискиот регион веќе се засадени околу 25 проценти од површините. Според…

May 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, очекува Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, а веќе наредната година да биде,…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата од полноќ

Поевтинуваат горивата од полноќ со новата одлука на РКЕ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?