Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба Ангеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба Ангеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики
ЕКОНОМИЈА

Средба Ангеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики

Објавено December 15, 2024 13:26
Сподели
Сподели

Со реформите направени во изминатиот период преку донесувањето нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, нашата држава го зацврсти својот пат кон европската интеграција. Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е еден од тие важни чекори, коишто треба да ја олеснат обработката на податоците за платежните сметки, депозитните сметки и сефовите, што ќе придонесе за поефикасно делување на институциите, а ќе обезбеди и зголемена заштита на потрошувачите. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова и нивните тимови.

На средбата беше истакнато дека Единствениот регистар на сметки ќе претставува важна основа за ефикасно извршување на плаќањата, за подобра финансиска контрола и спречување нелегални активности, според најдобрите европски практики. „Со Единствениот регистар на сметки ќе ја унапредиме ефикасноста на платниот систем во земјава. Преку него ќе се обезбеди пристап до важни податоци за институциите, коишто ќе можат да ги извршуваат своите задачи поефективно. Народната банка преку користењето на податоците од овој регистар ќе може да го подобри извршувањето на супервизорските задачи, како и да ја зголеми сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем на земјата, а сето тоа во прилог на стабилноста на финансискиот систем на државата“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека воспоставувањето на овој регистар е значајно и за приклучувањето на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра − СЕПА и за обезбедувањето на потребната регулативна и функционална усогласеност, суштинска за нашата позиција во европскиот економски простор.

„Со донесување на новиот Закон за платни системи и платежни услуги, Централниот регистар ја доби улогата за водење Единствен регистар на сметки како администратор на регистарот. Во тој контекст, Централниот регистар ќе ја поддржи дигиталната трансформација на пазарот на платежни услуги преку воспоставување сеопфатна база на податоци за сметките и сефовите до кои ќе имаат пристап банките и новите небанкарските даватели на платежни услуги и коишто ќе може да ги користат за унапредување на своите решенија и системи за поефикасно и посигурно извршување на плаќањата од граѓаните и компаниите. Исто така, државните институции ќе може да ги користат податоците од овој регистар за поефикасно извршување на своите задачи. Со спроведувањето на барањата од релевантните прописи на Европската Унија во сферата на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, проектот ќе придонесе кон одржување на интегритетот на финансискиот систем“, истакна Стамнова.

Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е пропишано со Законот за платежни услуги и платни системи и со него ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, создавајќи цврста правна основа за интеграција на платниот систем на земјата во платежната инфраструктура на ЕУ. Со тоа значително ќе ја подобриме размената на податоци и соработката не само помеѓу домашните институции, туку и со останатите земји од Европската Унија. Оваа соработка е важна за зајакнување на контролата врз прекуграничните финансиски текови, како и за зголемување на ефикасноста на процесите за спречување незаконски активности, со што нашата држава покажува дека е подготвена и дека го прави потребниот напредок кон модернизацијата и сигурноста на својот финансиски систем.

На средбата беше истакната размената на податоците и соработката меѓу двете институции, а особено потребата од споделување искуства коишто ги применува Народната банка во делот на финансиската едукација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник
Следна Статија Медведев: Можна дополнителна анексија на украинска територија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,254 денари и еден килограм ќе чини 44,034 денари,…

October 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари

Цените во маркетите подивеа откако заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи. Дел од производите поскапеа веднаш што предизвика…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?