Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

Објавено December 16, 2024 18:38
Сподели
Сподели

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) предводени од претставникот на Канцеларијата на ИФЦ во земјава, Висар Перани, по повод презентацијата на проектот на ИФЦ којшто се однесува на унапредување на дигиталните финансиски услуги и промовирање на финансиската вклученост во регионот, во рамките на нивните стратегиски определби за создавање напреден и одржлив дигитален екосистем. Иницијативата има за цел да ги поддржи иновациите, да помогне во градењето на капацитетите помеѓу давателите на финансиските услуги и да поттикне конкурентна и инклузивна финансиска околина.

На средбата беше истакнато дека Народната банка е институција којашто преку регулативата и активностите коишто ги спроведува значително придонесува кон дигиталната трансформација во финансискиот систем, што е впрочем и една од нејзините стратегиски цели. Притоа, беше нагласено дека новата правна рамка во платежната сфера овозможи либерализација и отворање на пазарот за нови даватели на платежни услуги, а со тоа и поттикнување на иновациите коишто ги носат финтек-фирмите.

На состанокот ИФЦ ѝ понуди поддршка на Народната банка во повеќе области. Притоа, гувернерката посочи дека особено значајна би била поддршката за давателите на платежни услуги за оперативна подготовка за пристапување до платните системи во Европската Унија и ефективно искористување на можностите коишто ги нуди членството во СЕПА (коешто се очекува на почетокот на наредната година), во сферата на инстант плаќањата, како и при подготовката на новата среднорочната Стратегија за развој на платниот систем на земјата.

Претставниците на ИФЦ ја истакнаа важноста од усогласувањето на регулативните рамки со меѓународните стандарди, овозможувајќи интероперабилност на платните системи и поттикнување партнерства помеѓу банките, финтек-фирмите и останатите засегнати страни од приватниот сектор. Состанокот го означи првиот чекор во истражувањето на можностите за заедничка соработка за зајакнување на финансискиот екосистем на регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mинатата власт го промашила проектот за санација на објектот „стара Комерцијална банка“
Следна Статија Мицкоски: Се спроведе најсложена полициска акција против криминалните кланови со која се расветлуваат 7 брутални убиства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мукетов најбогат во Македонија, Србија доминира со милијардери

Најновата листа на 100 најбогати луѓе во Западен Балкан, објавена од српскиот неделник „Недељник“, покажува дека економската моќ во регионот…

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Процедурата за распределување на парите од унгарскиот кредит до крајот на месецов, заинтересирани голем број компании

Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на…

January 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски на Виенски економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Во…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?