Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година

Објавено December 13, 2024 15:30
Сподели
Сподели

Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди, зајакнување на капацитетите за истрага и гонење кривични дела поврзани со тероризам, како и размена на информации за спречување на радикализација на насилството и напредок во реинтеграцијата на повратници од воените зони, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот.

– Владата во мај усвои национални стратегии за контратероризам и спротивставување на насилниот екстремизам со соодветни акциски планови кои се фокусираат на превенција на онлајн радикализација кон насилство, „десничарски екстремизам“, реинтеграција, потреба од специјализирани обуки за полицајци и социјални работници, и ажурирани стратешки приоритети, вклучително и воспоставување база на податоци за повратници. Македонија соработуваше со напорите на САД за контратероризам, вклучително и рана детекција, се вели во извештајот.

Стратегијата, како што се поосчува, беше финализирана со поддршка од експерти на Европската комисија.

Се наведува дека главните терористички закани во земјава се главно поврзани со „претходно репатрирани странски терористички борци од Сирија и Ирак, како и со домашен екстремистички тероризам“.

-Националниот комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и тероризмот процени дека 143 граѓани на Македонија (исклучувајќи деца) патувале или се обиделе да патуваат во Сирија или Ирак за да се приклучат на терористички групи во изминатите години. Од овие 143 возрасни (133 мажи, 10 жени), се верува дека само четворица останале во камп за раселени лица во североисточна Сирија. До крајот на 2023 година, Македонија репатрираше 19 раселени и 11 задржани државјани од североисточна Сирија. Македонските власти го проценија нивото на терористичка закана како „средно,“ имајќи ги предвид војната во Украина, развојот на настаните на Блискиот Исток и присуството на поранешни членови и симпатизери на „Исламска држава“, стои во извештајот.

Во 2023 година во земјава не биле пријавени терористички инциденти.

Во врска со законодавната рамка на Македонија се истакнува дека таа овозможува гонење на осомничени и соучесници во терористички активности или лица кои учествуваат во странски војни. Казните за кривични дела поврзани со тероризам значително се подобриле во споредба со претходните години и со други земји од Западен Балкан. Министерството за правда на САД обезбеди менторство и докази од бојното поле за случаите на кои работеле обвинители и истражители.
Апелацискиот суд во Скопје лани во јуни ја зголемил казната на странски терористички борец репатриран во 2021 година за ширење пропаганда на „Исламска држава“ од шест на осум години затвор. Во август, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе обвиненија против двајца такви борци за учество во непријателска армија.

Во извештајот се посочува дека Македонија е член на MONEYVAL и нејзината Финансиска разузнавачка единица е член на групата Egmont. Во 2023 година, оваа единица поднесе шест извештаи за сомневање за финансирање на тероризам до надлежните органи. Замјава продолжила со учеството во спроведувањето на Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан за контратероризам и ја зајакна соработката со Europol и Eurojust.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бишев: Ако не се најдат средства за ПИОМ, ќе мора да се користат средства од буџетот
Следна Статија Ристески: Над 900 производи во „Новогодишната кошница“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судијката до семејствата: Без ред нема судење, судев и за Дурмо Турс, но таму родителите се однесуваа коректно

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово со…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова – Руте: Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан

Денешните сложени безбедносни околности бараат будност и подготвеност. Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

Семејството на прегазената Фросина Кулакова со транспарент „Ние сме гласот на Фросина, валкани пари- смртни последици“ го предводеше денешниот протест…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да биде повнимателен: Гаши го искара претседателот на Уставниот суд Костадиновски

Одговарајќи на прашање за изјавата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, Гаши нагласи дека секој носител на функција треба…

March 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?