Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели
ЕКОНОМИЈА

Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели

Објавено October 4, 2024 22:11
Сподели
Сподели

Субвенциите за инвертер клима уредите што беа дел од проект на минатата влада би требало да бидат исплатени за две недели, најави денес министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција посветена на првите 100 дена од функционирањето на министерството во рамки на Владата, таа рече дека доцнењето се должи на фактот дека овој проект беше првично во министерството за економија, а со поделбата мораше да се направи делбен биланс и средсвта да се префрлат во новото министерство со ребалансот на Буџетот.

Постапката морала да помине на законодавство, на Генералн секретаријат на Владата и потоа на Влада.

„Се надевам најдоцна за две недели средствата ќе бидат исплатени“, рече Божиновска додавајќи дека се извинува од името на целата Влада поради застојот, но тоа се должело на законските процедури.

Јавниот повик за субвенции за клима уредите на крајот на јануари и во почетокот на февруари годинава предизвика огромен интерес кај граѓаните. Само за неколку дена колку што траеше, беа поднесени околу 8.000 барања, а заедно со другиот повик за субвенции имаше над 18.800 апликации.

Станува збор за доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година за што беа предвидени 210.000.000 денари, како и за доделување ваучери за инвертер клима-уреди согласно програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година за што беа предвидени 45.000.000 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Шумахер не знаела дека поранешниот сопруг е геј и има дечко
Следна Статија Хакери упаднаа во системот на Министерството за економијa

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026

Банката на Јапонија ги зголемува економските проекции пред превремените избори, задржувајќи ги каматните стапки на 0,75%

Банката на Јапонија ги зголеми проекциите за БДП за фискалната 2025 година на 0,9%, а исто така ја зголеми проекцијата…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?