Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство
ЗДРАВЈЕ

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Објавено November 4, 2024 17:31
Сподели
Сподели

Во рамки на платформата во Владата – „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.

Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.

На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.

Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на националната комисија за скрининг на рак на дојка, рече министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО ДПМНЕ: Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши истите
Следна Статија Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Протеин повлечен од продажба во Хрватска, го има ли кај нас?!

Поради присувство на метални честичким, повлечен е прашокот Whey Protein со вкус на чоколадо во пакување од 30 грама и…

November 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Успешно ја завршуваме годинава, идната 2026-та ќе биде година на стабилизација

Успешно ја завршуваме 2025 година, земајќи ги предвид промените и целите кои сакавме да ги постигнеме и дека во 2026…

December 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар

Во текот на четвртата недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.878 случаи на групни пријави за заболени од…

January 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од утре медицински тимови ќе вршат скрининг на жителите на Трубарево и околината

Министерството за здравство заедно со Универзитетската клиника за пулмологија на 24 и 25 септември организира скрининг за граѓаните коишто живеат…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?