Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете

Објавено October 24, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска повтори дека е направен лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете кое почина на 5 октомври и дека мора да се преземат одредени мерки.

– Како Министерство испративме до Лекарската комора препораки за одредени мерки што треба да се преземат. Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој, тука е направен професионален превид. Не сум за казнување или отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат, вели Таравари, додавајќи дека со директорката на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се нема слушнато.

Девојчето почина на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детската клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на детето, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oпштините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС
Следна Статија Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Долга e листата на оние кои треба да се плашат од Артан Груби

За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој…

March 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сведоштво од „Пулс“: И по лекувањето во Штип, Скопје и Грац состојбата ми е критична, сатурацијата ми паѓа на 65

Потресно сведочење денеска во судницата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Дејан Манасиев, кој со години работел како шанкер во објектот,…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонец исчезнат по пожарот во Швајцарија, семејството бара помош

Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Наскоро почнува со работа „Македонска држава“ – првата дигитална библиотека за македонското историско наследство

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?