Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Граѓаните ќе можат да ги следат можните злоупотреби на службени возила

Објавено December 6, 2024 09:50
Сподели
Сподели

Ќе ги повикаме на одговорност, бидејќи ние одговараме само пред народот. Така, ако сме посегнале да менуваме закони и да воспоставуваме некаков ред треба сите од нас поединечно да ги почитуваме тие закони“, изјави во својот воведен говор директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски на вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“.

Томовски истакна дека една од главните пораки која сака да се испрати со промена на таблички на возилата во државна и општинска сопственост е да престане злоупотребата на истите за свои лични цели, како што беше пракса во минатото од одредени функционери.

-Во координација со сите членови на работната група, утврдивме да одиме со позадина на црвена боја и букви и бројки со жолта боја. Се одлучивме за овие бои затоа што се помаркантни и нема да може да се одбегнува од јавноста, така што сметам дека и бојата е соодветна, дециден беше Томовски.

Томовски посочи дека она што е клучно е и самата јавност да може да врши мониторинг, притоа јасно истакна дека доколку постои злоупотреба ќе следува одговорност.

„Поентата е и јавноста да биде надзор. Каде, кога и за што се возат службени возила. Сакаме да отвориме телефонски линии и маил, каде што граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреба на тие возила и да се даде насока на сите институции каде ќе се затекне злоупотреба да постапат соодветно. Дали тоа ќе биде дисциплинска или ред други работи кои произлегуваат од прекршување, односно злоупотреба и на тој начин со законски измени да може да се утврди и казна за злоупотребата“, заклучи Томовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Изречени 23 парични казни на продавници за храна
Следна Статија Обвинение против две лица за поседување оружје и муниција во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Конференција за кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот

Една година по катастрофалниот пожар во Кочани кој ја потресе целата нација, државниот врв порача дека болката останува, но и…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ во поглед на нејзиното…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги

За осум месеци во 2025 година се регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk/, објави министерот за…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?