Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

Објавено December 23, 2024 23:00
Сподели
Сподели

Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија.

Во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, министерот кажа дека не би сакал да шпекулира каде е Груби за кој деновиве, рече, се слушале разни информации каде се наоѓа.

-Но би сакал да верувам во она што се обзнани во јавноста дека ќе се врати во Македонија зашто е чист како солза и затоа што смета дека овие основани сомненија, за кои е отворена истрагата од јавен обвинител, не се така како што ги толкува МВР и Обвинителство… Би сакал да се одважи и, ако е чист како солза, да пристигне во Македонија. МВР има капацитет да ја гарантира неговата безбедност… Ако еден човек толку долго се занимавал со политика, најмалку што може да стори е да ги одложи приватните обврски, ако ги имал, и да се врати во Македонија и во законска постапка да ги докаже своите тези на одбрана. За да се докаже, мора да е достапен на судот, рече Тошковски.

На прашање дали имало „кртови“ во МВР или во Обвинителството кои го известиле Груби за да ја напушти земјата, рече дека има истрага, но дека не може да сподели информации. Соопшти дека во претресите кај недостапните осомничени за криминал во Лотарија се пронајдени поголеми количини суми „пари за кои постојат сомнежи дека дел од средствата кои незаконски се стекнати се употребени за купување на одреден имот во и надвор од Македонија“.

– Но за жал, во овој момент не можам да откријам факти во оваа истражна постапка и не е време да се изнесат во јавноста. Да се остави во законита постапка и процес на правда, а за тоа ни треба време и темелна истрага, рече Тошковски.

За полицаецот Б. Ј. од Граничната полиција, против кого МВР поднесе кривична пријава и е донесено решение за суспензија, рече дека направил „кардинална грешка“ затоа што бил должен да го задржи возилото со кое се превезувал Груби, бидејќи бил на „Стоп листа“, а потоа да го извести надлежниот јавен обвинител за упатства за натамошно постапување.

Од видеозаписот обезбеден од камерите на ГП Блаце се видело дека полицаецот му го прегледал пасошот и откако возилото го напуштило преминот „по неколку минути“ и „во фаза на напуштање“ односно кога веќе бил во МВР на Косово, тој констатирал дека Груби е на „Стоп листата“ и тогаш известил.

-За жал, полицаецот не постапил согласно стандардна оперативна процедура и не го задржал односно му дозволил да излезе… Најмалку за несовесно работење во служба треба да одговара, рече Тошковски. Откако ЈО ќе го собере целиот доказен материјал, рече, истражната постапка ќе утврди дали станува збор за организација од повеќе лица и дали полицаецот е инволвиран.

На прашањето зошто за раководителот на смена имало само дисциплинска постапка, а бил одговорен за батерии во камерите кои не работеле, министерот одговори дека се работи за камери кои полицајците ги носат на униформите и дека тој проблем бил отпорано. Меѓутоа, рече, камерите на граничниот премин функционирале и го снимиле постапувањето на полицаецот кој го зел пасошот на Груби за увид и потоа му го вратил.

-Внатрешна контрола констатирала дека раководителот требало да се грижи за батерии, но тоа траело подолго време, и неговите дејствија немаат директна вина за излез и незапирање. Затоа кон раководителот има само дисциплинска постапка зашто нема причинско-последична врска со тоа што Б. Ј не го запрел возилото, додаде Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган
Следна Статија Тошковски: Документи се вадат во законскиот рок, нема веќе турканици ниту хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против Стевчо Јакимовски

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со ОСОСК до ОЈО…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Возрасна мечка бркала 15-годишно момче во околината на Македонски Брод

Возрасна мечка вчера бркала 15 годишно дете во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето, кое во тој…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хибридни напади ќе има, важно е институциите да соработуваат, вели Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изјави дека се хрибридни заканите и пораките кои по електронски пат во петокот…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен

Нема да има милост за никого. Секој еден кој допринесол директно или индиректно, посредно или непосредно, во рамки на оваа…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?