Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди за дестабилизација на Македонија

Објавено November 29, 2024 12:50
Сподели
Сподели

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошовски истакна дека во текот на вчерашниот ден се случиле настани кои биле директно насочени против македонскиот граѓанин. Според министерот, ваквите дејства од поединечни групи во Скопје се недозволени и претставуваат директен напад врз македонската држава.

„МВР одговори брзо и одлучно на сите кривично-правни настани кои се случија вчера. Сакам да го пофалам одговорот на МВР на предизвиците што беа насочени кон македонските граѓани. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи. Полицијата ќе продолжи со постапки и во текот на денешниот и утрешниот ден, се додека не се констатираат одредени кривични дела“, рече Тошковски.

Во текот на вчерашната вечер, беа уапсени 8 лица. Четири лица се уапсени поради учество во тепачка, додека други 4 лица се уапсени поради основано сомнение дека сториле кривично дело кое се однесува на предизвикување национална и верска омраза, со предвидена казна затвор од 1 година. Едно од лицата е малолетник, а останатите се полнолетни. Станува збор за млади лица кои извршиле кривични дела во текот на вчерашниот ден. Тие се приведени и се наоѓаат во полициска станица и ќе бидат изнесени пред суд.

Тошковски упати и порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Министерот исто така апелираше до јавноста, повикувајќи ги оние кои имаат информации или докази во врска со настаните од вчерашниот ден да ги достават до МВР. Дополнително, тој испрати апел на разум и зрелост до сите граѓани, со порака да не се дозволи подгревање на меѓуетнички тензии од ниту една националност во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет намирници кои никогаш не треба да ги комбинирате со кафе
Следна Статија Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: 118 повредени од пожарот, сите се згрижени, има доволно крвни единици

118 се повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави утринава министерот за здравство Арбен Таравари, по трагичниот настан во…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Се излеа Маркова река, поплави низ Батинци

Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани…

April 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крешник Бектеши сѐ уште е во полициска станица

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?