Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајко Вељановски, Ставрески, Пешевски, дел од советниците на Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Трајко Вељановски, Ставрески, Пешевски, дел од советниците на Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Трајко Вељановски, Ставрески, Пешевски, дел од советниците на Мицкоски

Објавено January 29, 2025 19:26
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 надворешни советници чии имиња се јавно објавени. Меѓу нив, се и поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски. 

Пешевски е советник за стратешки прашања од областа на економијата, а Ставрески за финансии и банкарство. Поранешниот претседател на Собранието е советник за собраниски, политички и правосуден систем. 

Професорот Александар Спасеновски, кој беше и пратеник во собранискиот состав 2011-2014 година, е советник за европски прашања, а за надворешна политика премиерот  ќе го советува амбасадорот Сашо Марковски, кој е и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската унија. 

Меѓу 17-те советници на премиерот има и еден Германец. Јоханес Хајдекер е експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ. 

Во делот на безбедноста, Горан Николовски е советник за стратешки прашања од областа на безбедноста, а Љубчо Андоновски советник за национална безбедност. Јован Пејковски е советник од областа на политичките и економските науки. 

За советник за инфраструктура е назначен Цветко Мицевски, од областа на правото Гоце Наумовски, а за труд и социјална политика Лазар Јовевски. За животна средина советник на премиерот е Даме Димитровски, а за односи меѓу заедниците Шенер Биљали. 

Советничкото место за реформи во здравството од 31 јануари останува празно откако досегашниот советник Игор Николов е именуван за амбасадор на Франција. 

Меѓу советниците на премиерот има и две жени – Мимоза Рајл советник за култура и Снежана Трпевска советник за унапредување на образованието, здравството, социјалната заштита и спроведувањето на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Мицкоски на  прес-конференција во вторникот рече дека има 17 советници од кои четворица со полно работно време во Владата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седумте најголеми ланци маркети во Македонија лани оствариле приход од над 930 милиони евра
Следна Статија Вучиќ помилува 13 лица приведени за време на блокадите, меѓу нив шест студенти и еден декан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски денеска во Брисел со лидерите на Западен Балкан

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска рисел ќе присуствува на Самитот на лидерите на ЕУ и државите од Западен Балкан.…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство Алиу

Министерот најави амбициозен план за реформи во здравството, во пет столбови, па доби новинарско прашање дали би отишол во Кочани…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Калас: Патот кон ЕУ е полн со предизвици и предолго чекање, државата очекува појасна потврда од Унијата

Разговаравме отворено како што доликува на партнери кои се стремат кон заедничка иднина. Разговаравме за патот кон ЕУ, пат кој…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?