Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата 
СВЕТ

Трамп до ЕУ: Многу сте неправедни кон САД, дојде време за наплата 

Објавено January 26, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Од неговото стапување на должноста американски претседател, Доналд Трамп испраќа едноставна порака до Европејците дека е „дојдено време за наплата“. Тој во онлајн обраќање на Светскиот економски форум во Давос порача дека ја сака Европа, но дека Европската Унија се однесува „многу, многу неправедно“ кон САД со својот висок корпоративен данок, со казните за американските технолошки компании и со суфицитот во меѓусебната трговска размена.  

Од гледна точка на Америка, ЕУ се однесува кон нас многу, многу неправедно, многу лошо. Тие не ги земаат нашите земјоделски производи и не ги земаат нашите автомобили, но сепак ни испраќаат автомобили со милиони“, рече Трамп. 

Според статистичките податоци на ЕУ, блокот во 2023 година остварил трговски суфицит во размената на стоки со САД од 156,6 милијарди евра, но и дефицит од 104 милијарди евра во размената на услуги. 

Во врска со неговите предизборни најави за воведување на „универзален данок“ од 10 до 20 отсто за сиот увоз во САД, Трамп порача дека оние што „не произведуваат во Америка, многу едноставно ќе треба да платат данок“ за своите производи. 

Сепак според Скот Бесент, кого Трамп го номинира за нов американски секретар за финансии, ова не е закана, туку став од „пошироката преговарачка стратегија насочена кон зајакнување на американската индустрија“. 

Трамп ги осуди и истрагите што ги води Европската комисија против технолошките гиганти, како „Епл“, „Гугл“, „Мета“ и „Икс“ за усогласеност со Законот за дигитални услуги на ЕУ, посочувајќи дека тоа се американски компании и Унијата „не треба да го прави тоа“. 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика властите во Џорџија да запрат со рачното пребројување на гласачките ливчиња. Според првичните резултати, во Џорџија води Џо Бајден со разлика од

Трамп, исто така, го повтори својот повик до членките на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана „до пет отсто од годишниот БДП“, наместо сегашната цел на Алинејата од два отсто, посочувајќи дека со своите сегашни стапки на издвојување за одбранбените трошоци европските земји се однесуваат „нефер кон САД“. 

Се обидувам да бидам конструктивен затоа што ја сакам Европа, ги сакам земјите од Европа, додаде Трамп, потенцирајќи и дека сака да стави крај на „ужасната“ војна меѓу Русија и Украина. 

Американскиот претседател, исто така, ја критикуваше и „долгата процедура“ за издавање дозволи во ЕУ, тврдејќи дека само за да се добие едноставно одобрение од Унијата за некој „голем проект“, потребни се „пет или шест години чекање“. 

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во обраќањето во Давос, исто така, повика на поедноставување на процедурите и отстранување на бариерите во трговијата. Според неа, токму „мрзеливоста“ на Европа и вродената одбивност кон преземање ризици во голема мерка е причина за економскиот пад на блокот. 

Имаме многу средства, но многупати си пукаме во нога затоа што не ја завршуваме работата што ја зацртуваме. Ние не се движиме кон дерегулација и значително поедноставување“, рече Лагард. 

Таа апелираше на „поедноставување“ на процедурите според моделот на финансиската дерегулација од пред кризата во 2008 година.

Мислам дека овие работи се менуваат и ние треба да ја забрзаме таа промена“, додаде Лагард.

Набрзо по ваквите обвинувања, од Брисел стигна најава дека во рамки на т.н. Компас за конкурентност, што треба да биде промовиран в среда, ЕК планира намалување на бирократијата на ЕУ во досега невидени размери. Планот има за цел рационализација на регулативите, скратување на бирократските процедури и зголемување на флексибилноста.   

Сите европски, национални и локални институции мора да вложат напори без преседан, за да ги поедностават правила и да ги забрзаат административните процедури“, се наведува во предлогот. 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, исто така, од Давос повика на уривање на бариерите и најави подготвеност за „прагматичност“ во преговорите за трговијата со САД, но и одбрана на интересите на ЕУ. 

Сепак, прифаќањето на барањата на Трамп би значеле дополнителни трошоци за ЕУ, за што не е едноставно да се обезбедат средства особено во услови кога „не цветаат рози“ во двете најголеми европски економии – Германија трета година по ред се соочува со рецесија, а и економските перформанси на Франција не се значително подобри. 

Ваквата состојба се должи на фактот што во последните 25 години европската економија се потпираше на евтина енергија од Русија. Но, од почетокот на војната во Украина пред три години таа се насочи кон изнаоѓање алтернативни извори на енергија што доведе до зголемени трошоци.  

Според последните податоци, ЕУ бележи значителен раст на увозот на енергенси од САД, пред се на течниот природен гас (ЛНГ), а впрочем и едно од барањата на Трамп кон блокот е да троши повеќе американски горива. 

Со ова, според економски експерти, ЕУ се доведува во позиција руската „енергетска зависност“ да ја замени со американска. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници
Следна Статија Немам кислород“ – низа протести во Грција за железничката несреќа кај Темпи по новите докази објавени во медиумите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО распоредува сили во Гренланд за да го задржи Трамп

Арктичката патрола на сојузот е главно вежба за ребрендирање насочена кон смирување на американскиот претседател - во одговор на largely…

February 13, 2026
СВЕТ

Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел…

December 28, 2024
СВЕТ

Трамп ќе воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд поради таргетирање на САД и нивните…

February 6, 2025
СВЕТ

„Мозокот“ на терористичките напади на 11 септември 2001 наскоро на слобода, Американците згрозени

Харун Асват (50), кој ја призна својата вмешаност во нападите на 11 септември во САД и бомбашките напади во Лондон…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?