Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ТРАМП ИЗБРА БОГАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Сите милијардери на претседателот милијардер тежат повеќе од БДП на 169 земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ТРАМП ИЗБРА БОГАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Сите милијардери на претседателот милијардер тежат повеќе од БДП на 169 земји
СВЕТ

ТРАМП ИЗБРА БОГАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Сите милијардери на претседателот милијардер тежат повеќе од БДП на 169 земји

Објавено December 6, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп е меѓу најбогатите Американци кои биле избрани на таа функција во САД. За време на неговиот прв мандат во 2016 година, неговото богатство магазинот „Форбс“ го процени на 3,7 милијарди долари нето, а сега тоа е зголемено на шест милијарди.

Според извештајот на 24/7 Волстрит за 2023 година меѓу американските претседатели кои дошле на власт како богаташи се и Џон Ф. Кенеди (1,3 милијарди долари), Џорџ Вашингтон (708,5 милиони долари), Томас Џеферсон (285,8 милиони долари), Теодор Рузвелт (168,6 милиони долари), Ендрју Џексон (160,1 милиони долари)…

Историчарката Барбара А. Пери вели дека повеќето претседатели по Граѓанската војна не биле богати деловни луѓе и не дошле на власт поради парите. Такви се на пример Бил Клинтон и Барак Обама, кои немале големо лично богатство кога стапиле на функција.

-Тие дојдоа од никаде. Тие не беа елита. Тие дојдоа во Белата куќа со многу малку во џебовите. Сепак, секој од нив заработи десетици милиони откако ја напушти функцијата, изјави таа за ЦБС, Мани Воч.

Според „Форчн“, Трамп ќе има претседателска плата од 400.000 долари, а неговите акции во „Трамп Медиа“ би го качиле неговото богатство до осум милијарди долари. Додека го чека 20 јануари, кога официјално ќе влезе во Белата куќа, тој веќе ја оформи својата администрација.

Милијардерот како кандидат за претседател се колнеше во спасување на средната класа на Америка, а кога стана претседател се опкружи со милијардери. Членовите на администрацијата што ја избра, кои сепак треба да бидат потврдени од сенатот, тежат најмалку 358,9 милијарди долари, пишува „Ју-Ес-Њуз“. Тоа е повеќе од бруто-домашниот производ што го имаат дури 169 држави во светот. На списокот на Трамповите милијардери се директорот на „Тесла“, Илон Маск, претприемачот Вивек Рамасвами, извршната директорка и поранешна професионална борачка Линда Мекмахон, извршниот директор на „Вол Стрит“, Хауард Лутник, гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум, менаџерот на инвестициски фонд Скот Бесент и претприемачот Џаред Ајзакман.

И под претпоставка дека овие луѓе Сенатот нема да ги потврди, што е малку веројатно зашто и таму мнозинството се републиканци, администрацијата на Трамп и понатаму ќе биде многу богата. Имено, двајцата раководители на новоформираниот Оддел за владина ефикасност, Илон Маск и Вивек Равасвами, кои се практично во советодавно тело, кое Сенатот не го бира, поседуваат над 340 од вкупните милијарди на луѓето на Трамп.

За споредба, вкупната нето вредност на Кабинетот на претседателот Џо Бајден беше околу 118 милиони долари. Барак Обама имаше кабинет кој „тежеше“ само 2,8 милијарди долари, а административците на Трамп во првиот мандат има далеку помало богатство од сегашните – само околу 6,2 милијарди долари.

Според „Ју-ес-њуз“ богатството на Трамп доаѓа од недвижен имот, кој вклучува станбени и канцелариски згради, хотели и терени за голф низ светот, вклучително и Мар-а-Лаго на Флорида и кулата Трамп во Њујорк. Тој, исто така, има удел од 3,5 милијарди долари во неговата социјална мрежа, „Трамп Медиа“.

Најбогат меѓу сите е Илон Маск, кој како сопственик на „Спејс икс“ и „Тесла“ е прогласен за најбогат човек на светот. Во декември 2016 година „Форбс“ го стави на 21. место на својот список на светските богаташи, а во 2022 година тој изби на првото место со богатство од 273 милијарди долари. Сега неговото богатство се проценува на 348 милијарди.

На трето место, според богатството меѓу административците на Трамп, е Линда Мекмахон, која поседува три милијарди долари. Поранешната рвачка сега ќе го води американското Министерство за образование.

Со само една милијарда долари најсиромашен меѓу богаташите на Трамп е Рамасвами, кој ќе работи заедно со најбогатиот – Маск во новоформираниот оддел за владина ефикасност, чија задача меѓу другото е делење откази.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во ПИОМ ќе има дупка уште шест – седум години, додека не почне поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски фонд
Следна Статија Фудбалерот на Севиља се вратил дома со својата вереница и начекал хаос (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Фото) Објавенo e што сè е украдено во неверојатниот грабеж во Лувр: спасена e круната на царицата Евгенија

Музејот Лувр во Париз вчера утрото беше местото на еден од најспектакуларните и најдрските грабежи во неговата историја. За само…

October 20, 2025
СВЕТ

(Видео) Пожар и експлозии во рафинерија за нафта во Русија по напад со дронови

Рафинерија за нафта во градот Кириши, недалеку од Санкт Петербург, беше нападната со беспилотни летала, соопштија руските власти и локалните…

October 4, 2025
СВЕТ

Никој не ги слуша: Маск бара да се затворат „Радио Слободна Европа и „Гласот на Америка“

 Радио Слободна Европа и Гласот на Америка треба да бидат затворени, напиша синоќа на „Икс“, технолошкиот магнат Илон Маск во…

February 10, 2025
СВЕТ

Зеленски: Нова рунда разговори за Украина на 4 и 5 февруари

Нова рунда трилатерални разговори меѓу Украина и Русија, со посредство на Соединетите Американски Држави, ќе се одржи на 4 и…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?