Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената за изминат километар на приватните превозници се зголемува за 20 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Цената за изминат километар на приватните превозници се зголемува за 20 денари
МАКЕДОНИЈА

Цената за изминат километар на приватните превозници се зголемува за 20 денари

Објавено December 25, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Со 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје вчера ја изгласаа Одлуката за утврдување на вредност на надомест за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – остварен километар. Приватните превозници ќе дабијат зголемување од 20 денари за изминат километар со Анекс на договорот од 1 јануари наредната година и цената ќе важи до мај, кога истекуваат нивните постоечки договори. Ваквото зголемување на цената по изминат километар за приватните превозници ќе биде дел од следниот Буџет на Град Скопје, кој денеска беше изгласан.

Приватните превозници побараа зголемување без да прецизираат за колку, а претходно на средба со советниците на ВМРО-ДПМНЕ договорија зголемувањето да биде 30 денари. Ваквата цена не беше прифатлива за градската администрација, бидејќи била изгласана без никаква пресметка и анализа според законска формула. Во период од две недели беше изработена анализа по која вечерва и гласаа советниците.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски истакна дека нивната советничка група ќе ја поддржи Одлуката и ги повика советниците од другите политички партии да дадат поддршка. Посочи дека приватните превозници заслужуваат поголема сума по остварен километар.

По некои анализи ние предложивме 30 денари со кои тука се усвои заклучок за цената по изминат километар за приватните превозници. Сакам да знаете дека ние како советници се чувствуваме и по малку омаловажени од страна на Секторот за совети од Градот Скопје и од Кабинетот за нефункционирањето на службите и непочитта кон нас да се донесе заклучок донесен од советниците. Мислам дека не заслужуваат само 20 денари зголемување. Заслужуваат многу повеќе зголемување по изминат километар, рече Стојановски.

Според координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, ова е единствениот легитимен начин на кој што легално и легитимно може да им се помогне на приватните превозници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
Следна Статија Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес

Со највисока одговорност сакаме да ја информираме јавноста во врска со изнесените ставови од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ),…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИРЛ: Од грчкиот јаглен што горел во Македонија, парите „исчадиле“ кај Вице Заев во Бугарија

Сè уште незакрепнати од ковид-пандемијата, која силно ги погоди европските држави, континентот во 2022 година се соочи со нова незамислива криза – војна во…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?