Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана
ХРОНИКА

„Цитроенот“ застанал пред зградата на Вања и три дена пред да биде киднапирана

Објавено January 20, 2025 16:22
Сподели
Сподели

Групата која ја киднапираше Вања Ѓорчевска на 27.11.2023 година се обидела тоа да го стори и три дена претходно. Нејасно е зошто се откажале од намерата.

Обвинителството на денешното рочиште за убиствата презентираше и снимка од системот „Сејф сити“ (Безбеден град) на кој се гледа „цитроенот“ на Панче Жежовски како од населбата Маџари, Триангла, преку Автокоманда се упатува на 24.11 кон улицата „Наум Наумовски Борче“ пред зградата каде живее Вања во Центар.

Во 6 часот и 38 минути кога веќе било разденето се гледа како возилото се движи на булеварот кај Автокоманда.

„Циторенот“ во 6 часот и 44 минути е забележан и пред Влада и на семафорот врти лево. Потоа кај бензиската на „Макпетрол“ врти десно и продолжува по улицата „Орце Николов” и се движи по Дебар Маало. На следната снимка се гледа како возилото доаѓа од кај Општина Центар и хотел „Сити Парк“ и доаѓа пред зградата на Вања во 6 часот и 49 минути.

Ова покажува дека „цитроенот“и три дена претходно се движел по истата рута како и на критичниот ден, објасни Обвинителката Жанета Трајковска.

Тие денови групата неколку пати го преместувала „цитроенот“ од месноста Триангла во населбата Бутел.

На сите овие снимки не се гледа кој го вози автомобилот, но се гледаат три лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни
Следна Статија Почина истакнатиот анестезиолог прим. д-р Мирјана Петровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош

Жена од Скопје, најевројатно од Јурумлери е исчезната. На Фејсбук се споделува статус на лицето Аце Јоциќ кој пред кратко…

November 8, 2024
ХРОНИКА

Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор

Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500…

October 13, 2025
ХРОНИКА

Возач загина на патот Кочани-Виница

На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки…

December 17, 2025
ХРОНИКА

Од Тик-Ток игра “Супермен челинџ“ тинејџер од Скопје заврши во болница

Супермен челинџ“ е „играта“ поради која вчера средношколец во средното училиште „Михајло Пупин“ заврши во болница. Предизвикот кој е популарен…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?