Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Туризмот во Европа ги руши сите рекорди: Еве која е најпосетена земја во светот?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Туризмот во Европа ги руши сите рекорди: Еве која е најпосетена земја во светот?
Blog

Туризмот во Европа ги руши сите рекорди: Еве која е најпосетена земја во светот?

Објавено January 23, 2025 22:17
Сподели
Сподели

Франција е најпосетуваната земја во светот од туристи. Минатата година забележа 100 милиони странски посетители, изјави во вторникот министерката за туризам Натали Делат. Шпанија бележи помалку туристи(94 милиони), но забележа поголем профит од туризмот.

Франција има „многу силна конкуренција“ во форма на Шпанија, која „успеа да генерира повеќе приходи“ од туризмот со помалку посетители. Нејзиниот профит достигна 126 милијарди евра, додека приходите на Франција изнесуваат 71 милијарда евра.

„Ова делумно се должи на фактот што посетителите во Шпанија остануваат подолго отколку во Франција“, објасни таа, признавајќи дека Франција треба да ги натера странците да останат подолго, што би го зголемило просечниот приход по турист.

Во последните две години значително е зголемен бројот на туристички ноќевања во земјите од Европската унија. Најголем раст е забележан во Луксембург, Малта и Латвија, додека Франција и Белгија забележаа благ пад.

Според податоците на Евростат, вкупно 2,99 милијарди ноќевања се регистрирани во туристичко сместувачки капацитети низ ЕУ во 2024 година, што претставува зголемување за 53,4 милиони ноќевања или 2% во споредба со претходната година.

Растот главно се должи на зголемувањето на бројот на ноќевања на странски туристи, додека ноќевањата на домашните гости се благо намалени.

Хотелите остануваат најпопуларно сместување, со 1,9 милијарди ноќевања, што претставува 63% од вкупниот број. Апартманите за одмор и приватното краткорочно сместување забележале 711 милиони ноќевања (24%), додека камповите забележале 396 милиони ноќевања, 13% од вкупниот број.

Споредувајќи ги 2023 и 2024 година, повеќето земји од ЕУ бележат пораст на туристичките ноќевања. Најголеми зголемувања се забележани во Луксембург (22%), Малта (13%) и Литванија (7%).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого за да најдеме решение кое ќе го одблокира пристапниот процес
Следна Статија Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

УЈП: Системот Е- даноци работи збавено поради зголемен прилив на ДДВ- 04 пријави

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат…

October 24, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Лав – недела, 9 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Лавовите денеска ќе се посветат на освободување од негативни мисли и отворање кон радост. Горделиви,…

February 9, 2025
Blog

Епл од Мајкрософт ја загуби титулата на највредна компанија

Технолошкиот гигант Епл повеќе не е највредна компанија во светот, откако Мајкрософт вчера ја престигна, бидејќи инвеститорите реагираат на стравувањата…

April 9, 2025
Blog

Отворен „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ во ТИТАН УСЈЕ: Поттик за младите кон СТЕМ науките

Зајакнување на вештините на учениците, поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките -…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?