Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош
БАЛКАН

Уапсен министерот за здравство на Хрватска Вили Берош

Објавено November 15, 2024 10:40
Сподели
Сподели

Хрватските медиуми јавија утрово дека е уапсен министерот за здравство Вили Берош, по што премиерот Андреј Пленковиќ свикал средба со коалициските партнери.

Премиерот го разреши Вили Берош од министерската должност, и ја назначи д-р Ирена Хрстиќ за државен секретар која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер, јавија медиумите во Хрватска.

Состанокот на коалицијата е во 10 часот.

По 11 часот очекувајте медиумска конференција на премиерот, соопштуваат од Владата.

Во 13 часот прес конференција закажаа и од Државното обвинителство.

Еден од осомничените лекари е шефот на Клиниката за неврохирургија КБ Сестри на милосрдни проф. д-р. Крешимир Ротим.

Хина јави дека приведувањата се поради наводно набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, што наводно биле преплатени, а меѓу уапсените е и Роти.

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави Јутарњи лист, дошле со наредби за претрес.

Според првичните информации, истражителите освен министерот, цел се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници.

Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека „приведувањата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите  што претходно ги спроведе УСКОК“.

Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничените УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полиција утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош
Следна Статија Политичар во Јужна Кореја осуден за лажење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Демонстранти водени од европратеникот Џамбаски упаднаа во театар во Софија со тепање да спречат претстава на Џон Малкович, оти била антибугарска

Стотици граѓани синоќа ги окупираа влезовите на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија , а некои од нив влегоа внатре…

November 8, 2024
БАЛКАН

Во Босна и Херцеговина почнува забраната за пушење во сите затворени објекти

На територијата на Босна и Херцеговина се применува правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти. Правилникот стапи во…

December 13, 2024
БАЛКАН

Ова лето во Грција ќе се плаќа поскапо гиро

Веб-страницата „Грција инфо“ ги објави цените на прехранбените намирници во Грција за годинава за кои може веднаш да се забележи…

May 30, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Очекувам големо насилство на 15 март, државата ќе знае како да се однесува

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека очекува опозицијата да организира големо насилство во сабота на 15 март и нагласи дека…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?