Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата
СВЕТ

Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата

Објавено November 13, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Шпанската полиција го уапси поранешниот висок полицаец Оскар Санчез Гил кога во ѕидовите и таваните на неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра.

Полицијата ги пронашла парите при рација во неговата куќа во градот Алкала де Енарес, кој се наоѓа на 30 километри источно од Мадрид, објави „Гардијан“.

Исто така, во канцелариј0ата на Санчез Гил биле пронајдени милион евра скриени во два заклучени плакара, во банкноти од 50 до 500 евра. Санчез Гил и неговата партнерка се обвинети за трговија со дрога, перење пари, корупција и членство во криминална организација.

По појавувањето на судот во Мадрид минатата недела, на двајцата им беше одреден притвор. Санчез Гил, кој до неодамна беше началник на одделот за борба против измами и перење пари на шпанската полиција во Мадрид, беше уапсен заедно со уште 15 лица, меѓу кои и неговата партнерка, која исто така е полицаец во Мадрид.

Истрагата е поврзана со заплената на 13 тони кокаин, кој беше запленет минатиот месец во пристаништето Алгесирас на југот на Шпанија.

Кокаинот, кој бил скриен во кутии со банани, пристигнал од Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, кој е познат како центар на трговијата со дрога.

Според информациите од истрагата, Санчез Гил бил под сомнеж од неговите колеги, кои го прислушувале неговиот телефон.

Официјални извори наведуваат дека тој бил осомничен дека најмалку пет години работел за дилери на дрога и дека им давал информации за надзор на контејнерите во шпанските пристаништа, што им овозможило да ги избегнат контролите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
Следна Статија Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Хамас ослободи уште тројца израелски заробеници во замена за 183 палестински затвореници

Тројца Израелци ослободени во Појасот Газа се предадени на Црвениот крст и се на пат кај еврејските војници, објави прес-службата…

February 8, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Пожар во Минхен: Гори зграда, пламените јазици проголтуваат се пред себе

Голема акција на пожарникарите во Минхен на католички Бадник – во старскиот дом „Винсентинум“, во близина на Англиската градина, моментално…

December 24, 2024
СВЕТ

Трамп потпиша историски договор со Малезија за ретки материјали

Американскиот претседател Доналд Трамп и премиерот на Малезија, Анвар Ибрахим, денес во Куала Лумпур потпишаа историски трговски договор што опфаќа…

October 26, 2025
СВЕТ

Хамас ги предаде првите три израелски заложнички на Црвениот крст

Саудискиот портал Ал Арабија објави дека Хамас му предал на Црвениот крст три жени, израелски заложници. Црвениот крст им ги…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?