Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Усик повторно го победи Фјури (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Усик повторно го победи Фјури (ВИДЕО)
СПОРТ

Усик повторно го победи Фјури (ВИДЕО)

Објавено December 22, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Украинецот Олександер Усик (37) го победи Британецот Тајсон Фјури (36) со едногласна одлука во реваншот неколку месеци по нивната прва борба. Усик на тој начин ги одбрани светските титули во тешка категорија во ВБА, ВБО и ИБО. Боксерскиот спектакл се одржа во престолнината на Саудиска Арабија, Ријад.

Во нивното прво соочување, пред седум месеци, Усик ја освои и титулата во верзијата ИБФ, но во меѓувреме ја загуби поради посебни правила на организацијата.

Усик останува непоразен во 23 професионални борби, додека Фјури остана на 34 победи. Единствените два порази му ги нанесе Усик.

Вљувениците во боксот видоа 12 незивесни рунди и одличен бокс од двете страни.

По претпазливиот старт, Фјури го потресе Усик во втората рунда и од тој момент, Фјури изгледаше како да доминира во воведните рунди. Во шестата рунда, Усик, карактеристично за него го засили темпото и успеа да добие неколку рунди по ред, честопати принудувајќи го Фјури да се повлече кон јажињата.

Фјури бараше силни удари, додека Усик најмногу се закануваше со комбинации и брзи удари по главата и телото. Украинецот вешто го избегнуваше Фјури и во ниту еден момент не му овозможи блиска борба.

Во последните четири рунди уште еднаш видовме многу тесна борба и кога ѕвоното означи крај на мечот, веројатно никој освен судиите не знаеше кој ќе биде победник.

Набрзо беше објавено дека судиите едногласно одлучија дека победникот е Усик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
Следна Статија Масовни протести во Белград (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дерби до дерби: Спектакуларна ждрепка за ЛШ

Во Монако, софтверот ги одреди довјките за главната фаза во Лигата на шампионите, во сезоната 2025/2026. Сезната во која ПСЖ…

August 29, 2025
СПОРТ

Македонската фудбалска репрезентација подготвена за победа над Велс

Македонската фудбалска репрезентација спремна е за втората победа во квалификациите за СП. Нашите фудбалери се умерени оптимисти, но имаат дополнителен…

March 25, 2025
СПОРТ

Омерагиќ откри новитети во ПМФЛ – ВАР ќе биде ставен во употреба, ТВ преноси од сите натпревари

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на брифинг со новинарите, откри неколку новитети, кои бидат имплементирани…

May 27, 2025
СПОРТ

Дедото на Ноле е оставен од сите

Зденко Жагар дедото на Новак Ѓоковиќ живее во белградската населба Чукарица, истакна дека ретко го гледа семејството и често е…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?