Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември

Објавено December 6, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Од Уставниот суд велат дека нема да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Седницата на Судот на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за 11 декември.

– По завршувањето на седницата ќе се одржи редовна прес-конференција на која ќе биде одговорено на сите прашања, соопштија денеска од Уставниот суд.

Во очи одржувањето на седницата, Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска излезе со предупредување дека укинување на која било одредба од Законот за употреба на јазиците не е само правен чин, туку директен удар врз стабилноста и мирот на државата.

– Овој закон е производ на сложен компромис, постигнат по години на макотрпни преговори и претставува темел на меѓуетничката еднаквост и взаемната почит. Одлука која би го загрозила овој закон би претставувала тешко кршење на Охридскиот договор и враќање назад кон неизвесна и нестабилна иднина, наведуваат од ДУИ во соопштението.

Од партијата упатија апел до граѓаните, политичките лидери и меѓународната заедница веднаш да дејствуваат за, како што посочуваат, да го спречат овој чин кој ја загрозува стабилноста на земјата и регионот.

Според потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, јавноста дискутира за Законот за употреба на јазиците поради нецелосните решенија и досегашните политики што ги водела Демократската унија за интеграција.

– Сега се соочуваат со одговорноста, и пред одговорноста им треба магла, им треба дестабилизација. Но, ако во државата некој нема право за ова прашање, тоа е ДУИ. Заради нивните половични, нецелосни решенија дадоа можност некој денес да се занимава со ова прашање. Ова прашање да беше апсолвирано како што треба, да имаше закон за албанскиот јазик по сите теркови, денес немаше да биде тема на дискусија. Тема на дискусија е заради половичните и нецелосните решенија токму на ДУИ, истакна Меџити одговарајќи на новинарско прашање денеска во Тетово.

Според него, ова е чувствително прашање и треба разумно да се пристапи, по одлуката на Уставниот суд да расправа по Законот за употреба на јазиците.

– Ја повикувам јавноста, сите значи, ова е чувствително прашање. Рамковниот договор е дел од уставниот поредок на Република Македонија. Врз основа на Рамковниот договор и сите тие кои посакуваат добро на државата, на меѓуетничките односи, стабилноста треба разумно да пристапиме кон овој договор. Нема да навлезам во таа работа на Уставниот суд. Јас само повикувам дека ова не е правно прашање, туку и политичко прашање што ја тангира и стабилноста на државата, рече Меџити.

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи вчера на конференцијата на „Пријатели на Европа“ во Брисел најави дека судиите надвор од мнозинската заедници во Северна Македонија нема да присуствуваат на седницата на Уставниот суд на која треба да се расправа за уставноста на Законот за употреба на јазиците.

Според него, во Северна Македонија дел од законите се носат по принципот на двојно Бадинтерово мнозинство, но според неговата оценка, Уставниот суд неколкупати се ставил во улога да одлучува за политички прашања и има моќ да го урне Законот за употреба на јазиците.

-Во тој поглед очекуваме тешкотии за Законот за употребата на јазиците кој беше оспоруван во осумдесетите во Македонија и ќе видиме што ќе излезе сега од тоа, рече Фетаи и додаде дека неговата последна информација е дека судиите надвор од мнозинската заедница нема да присуствуваат на седницата.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во интервју за МИА рече дека со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултира со политички хаос, недоверба и дилеми.

– Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег, не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам, рече Костадиновски.

Костадиновски вели и дека е можно да се искористи алатка од новиот Акт на Уставниот суд, односно судиите да изразат сомнеж за уставноста на законот и да го пратат во Собранието на доработка.

Смета дека одлуките на Судот не треба да се гледаат како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, туку треба да бидат прифаќани и да бидат орјентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти, законодавна, извршна, судска, монетарна или локална. Да им помогнат, нивните дејствија, прописи или одлуки бидат усогласени со Уставот.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија.

Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, како и Васко Лазескии, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работодавачите и работниците да се усогласат околу минималната плата, Владата ќе прифати, вели Мицкоски
Следна Статија Околу илјада лица со договор на дело во јавните здравствени установи ќе треба да добијат решение на неопределено време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се качил на покрив на таксито за да го одбрани од “Пајакот”

Таксист се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

Еден од клучните проблеми на македонските граѓани е правдата. Но, правдата е загрозена поради ендемската корупција и организираниот криминал, што,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје денеска беше одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник

Во овие осум децении од нивната печатница излегоа 8.000 изданија, а на годишно ниво се издаваат по 300 броја во…

February 18, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?