Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
ЕКОНОМИЈА

Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места

Објавено December 17, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се грижат за своите работни места и порачува дека сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи германските производни компании се во потрага по нови пазари.

Јасно ни е дека актуелната состојба во Германија влијае и тука и буди многу прашања кај македонската јавност како економската криза во Германија ќе делува тука. Како Германска стопанска комора не ни е познато дека некој од германските инвеститори тука планира кратење на работни места. Овој период тие планираат да го искористат за тренинзи и обуки за своите вработени, но исто така и за да инвестираат во нови технологии и затоа организираат нова едукација за персоналот. Не радува дека германските инвестиции не се само во областа на автомобилската индустрија, туку има и други сектори каде што се инвестира и тие сектори не се загрозени. Во изминатата година имавме голем број на реинвестиции како во автомобилската индустрија, така и во други сектори и затоа сметам дека нема потреба од грижа, изјави Ванделт на денешната средба со новинарите.

Оцени дека сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи, како што рече, германските производни компании се во потрага по нови пазари, пазари кои се блиску и имаат долгорочно искуство во производство, нудат европски стандарди и европски квалитет, а тоа е одлична шанса за земјата. Нагласи дека автомобилската индустрија во Германија доживува транзиција и поминува низ една фаза во која треба да се надминат одредени препреки.

Точно е дека тоа ќе има влијание врз производните компании, односно компаниите добавувачи од Македонија кои испорачуваат за Германија. Но, она што е добро е дека германските инвестиции во земјава не се само во областа на автомобилската индустрија. Токму автомобилската индустрија во последниот квартал има благ пад на извозот кон Германија, но од мајките компании добивме информација дека во вториот квартал од 2025 година се очекува закрепнување и повторно враќање на истото ниво. Не радува и фактот дека големиот дел од германските инвестиции во автомобилскиот сектор кои произведуваат тука не се насочени само кон механичкото производство, туку голем дел од нив произведуваат делови и компоненти наменети за електричните возила, рече Ванделт.

Во одговор на прашање истакна дека смета оти промената на власта во Германија нема да има никакво влијание врз германските инвестиции во земјава и стопанската соработка меѓу двете земи.

Сметам дека и новата германска влада ќе биде заинтересирана и ќе продолжи да се залага за економски развој и дека промената нема да има никакво влијание на инвестициите во земјава и во однос на соработката и извозот кон Германија. Германија е најголемиот инвеститор во Македонија и најголемиот партнер во однос на извозот. Како Германска стопанска комора деновиве сме со нов потенцијален инвеститор кој има интерес да инвестира во преработката на пластика, така што побарувачката од страна на германските компании во однос на пазарот и можностите кои ги нуди земјата се има зголемено, порача Ванделт.

Намалувањето на македонскиот извоз кон Германија и зголемувањето на германскиот извоз кон земјава, како што кажа, меѓу другото се должи и на увозот на техничка опрема и машини од Германија кои се користат во производството кај нас.

Во Германската стопанска комора забележавме дека во последниот квартал од 2024 година имаме благ пад од извозот од Македонија кон Германија, но добро е што според германските компании мајки во вториот квартал од 2025 година се очекува повторно враќање во нормала и повторно зголемување на производството. Годинава воедно има и увоз на техничка опрема и различни машини кои се користат за производството што се увезуваат од Германија. Сепак има некаков биланс помеѓу извозот и увозот и воопшто помеѓу трговската размена помеѓу двете земји, посочи Ванделт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава против Прпарим, Груби, Ковачевски и уште пет лица
Следна Статија Средба Николоски – Улусој: Турција останува значаен трговски партнер на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Каматите на депозитите растат, а на кредитите паѓаат

Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република…

January 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба на распределбата на земјоделското земјиште, вели Мицкоски

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште,…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачките

Народната банка ги објави новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година кои покажуваат постојан тренд на…

January 10, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?