Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика

Објавено December 28, 2024 18:20
Сподели
Сподели

2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „АЛБУМ“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови.

На тој начин ги одбележаа и 40-те години од нивната заедничка соработка.

И тоа не беше сè!

Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во Охрид и во Битола, заклучно со големиот концерт во преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што уште еднаш потврди колку е голема поврзаноста меѓу неа и публиката, како и значењето на музиката што се создавала сите овие години наназад, сè до денес.

Пред големите подготовки за нејзината регионална турнеја, таа реши годинава да ја заврши со уште едно изненадување за публиката.

Го реализира и седмиот видеозапис за песната „Дај, дај ми дај“ од новиот албум, во соработка со Мелем продукција.

За оваа пригода, Калиопи изјави:

„Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето – никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување. Песната “Дај, дај ми дај” нека биде потсетник за сите нас – секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил имигрант без пари: Илон Маск откри по кого компанијата Тесла го добила името!
Следна Статија Јован Деспотовски остана без пасош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Неверојатно ВИДЕО: Ајкула скокна во рибарски брод – погледнете ја реакцијата на екипажот!

На социјалната мрежа X се појави неверојатно видео од морска авантура која тргна во неочекуван правец – Бикова ајкула (Bull…

February 10, 2025
ЗАБАВА

Бред Пит и испрати јасна порака на 30 години помладата Инес во најгледаниот ТВ настан на годината (ВИДЕО)

Додека цела Америка беше воодушевена од патриотскиот монолог на Пит за време на Супербол, оние малку повнимателни гледачи забележаа нешто…

February 13, 2025
ЗАБАВА

Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите

Во недела, на 27 април, во 20 часот по американско време (2 часот по полноќ во понеделник по македонско време),…

April 25, 2025
ЗАБАВА

Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку интернет

Обвиненија се покренати против лажен стоматолог и неговите двајца помошници, кои лекувале десетици пациенти во Чешка откако го научиле „занаетот“…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?