Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина
СВЕТ

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Објавено October 16, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие би можеле да го зголемат федералниот долг, да ги антагонизираат сојузниците и да и наштетат на американската економија.

Ние сме целосно посветени на растот. Ќе ги вратиме компаниите во нашата земја“, рече поранешниот претседател во повремено напнато интервју во Економскиот клуб во Чикаго.

Главниот уредник на Bloomberg News, Џон Миклтвејт, кој го модерираше разговорот, ги наведе проекциите на аналитичарите дека плановите на Трамп ќе додадат 7,5 трилиони долари на федералниот долг до 2035 година, што е двојно повеќе од политиките што ги застапува демократскиот ривал на Трамп, потпретседателката Камала Харис.

Трамп инсистираше на тоа дека неговите трговски политики, кои вклучуваат високи царини не само за увоз од ривали како Кина, туку и од сојузници како Европската унија, ќе го ревитализираат американското производство и ќе донесат доволно приходи за да ја олеснат загриженоста за зголемениот дефицит.

„За мене најубавиот збор на светот е царина“, рече Трамп.

Некои трговски експерти тврдеа дека царините може да и наштетат на американската економија, да ги загрозат работните места и да ги зголемат цените.

„Се што треба да направите е да изградите свои фабрики во САД и нема да имате царини“, рече Трамп. „Се согласувам дека ќе има огромно влијание, но позитивно, а не негативно“.

Трамп повтори дека ќе наплаќа високи царини за увезените возила склопени во Мексико, дури 200 отсто. Тој, исто така, рече дека ќе воведе царини за автомобили увезени од земји како Германија за да ги принуди странските компании да произведуваат во САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 17 години од смртта на Тоше Проески: живееше само 26 години, но остави неизбришлива трага
Следна Статија Уапсени 35 цариници и полицајци во вчерашната голема полициска акција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија

Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија…

April 29, 2025
СВЕТ

Орбан и Фицо со остри критики кон ЕУ: Брисел стана воен проект

Премиерите на Унгарија и Словачка, Виктор Орбан и Роберт Фицо, одржаа заеднички говори по повод 130-годишнината од инаугурацијата на мостот „Марија Валерија“,…

September 29, 2025
СВЕТ

Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува следната недела да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и оти…

February 8, 2025
СВЕТ

Британски милијардер: Трамп има неколку часа да ја исправи огромната грешка со царините

Ричард Бренсон, британскиот милијардер и сопственик на авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“, остро ја критикуваше американската влада за ненадејното воведување нови царини,…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?