Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм
ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Објавено October 29, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила на зимскиот распоред.

На сајтот на авио-компанијата повеќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти, а нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање.

„Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми фрекфенциите од Скопје за Дортмунд, па така во ноември и декември ќе има летови по шест пати неделно, а во шпицот околу Нова година и Божиќ ќе лета секој ден до овој град во Северна Рајна Вестфалија.

На патниците што летаа за Копенхаген во Данска, сега им останува можноста да летаат до соседниот аеродром Малме во Шведска, но засега „Визер“ не го има зголемено бројот на летови. Стокхолм останува непокриен за патниците што досега летаа до главниот град на Шведска.

Претходно, министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во 2025 ќе бидат воведени шест нови линии.

Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгарт, а од Охрид кон Истанбул и Базел Милхауз.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година
Следна Статија Грција: По 500 евра месечно за баби кои ќе чуваат внуци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Биткоинот постави нов рекорд, надминувајќи ја границата од 124.000 долари

Биткоинот во средата навечер накратко ја надмина вредноста од 124.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд и продолжувајќи го повеќенеделниот раст.…

August 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст од 5,2 проценти на индустриското производство во март на годишно ниво

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

МИЦКОСКИ: Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите на ниво на кое што беа пред покачувањата

Откако дел од трговците ги качија цените на основните продукти кои не се дел од новогодишната кошничка, премиерот Христијан Мицкоски…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?