Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
ПОЛИТИКА

Во мај ќе се знаат имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори

Објавено January 8, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Имињата на кандидатите за градоначалници од владејачката Коалиција „Твоја Македонија“ за годинашните локални избори ќе бидат објавени во втората половина од мај, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски во Штип на пуштањето во употреба на детската градинка „Вера Циривири Трена“ и спортската балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ„Гоце Делчев”.

Конечна одлука за тоа кои ќе бидат имињата на кандидатите за градоначалници, Мицкоски вели сè уште не е донесена, но, како што рече, во тек е внатрепартиска дебата и од страна на општинските комитети веќе се пристигнати предлог-имињата кои треба да се најдат на претстојните анкети и мерења.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи голема разлика, кога би се споредило со неговите претходници и тука очекувам така да продолжи во периодот пред нас. Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини низ Македонија, сè уште како партија и коалиција не сме донеле конечна одлука кои ќе бидат имињата. Во моментот во тек е внатрепартиската дебата и од страна на општинските комитети се пристигнати предлози и имиња кои што треба да се најдат на анкетите и мерењата, посочи Мицкоски.

Анкетите, додаде, ќе започнат да ги спроведуваат во втората половина од месецов и како што рече, очекувањата се во мај да бидат соопштени до 90 отсто од мерењата.

Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам во втората половина од мај 85 до 90 отсто од мерењата да ги соопштиме на граѓаните за тоа кои ќе бидат кандидатите за градоначалници, додаде Мицкоски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Земјоделците годинава ќе добијат 120 милиони евра за директни плаќања
Следна Статија Мицкоски: Пуштен е во употреба клон од детска градинка и спортска сала во Штип, продолжуваме посветено да работиме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или…

March 13, 2026
ПОЛИТИКА

Грција бара од Владата да го користи уставното име

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот…

July 23, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Трајановски е неколкукратно подобар кандидат за Аеродром од тој на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, најави денес нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари како визија за…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски ја призна изолацијата, со оваа власт Македонија нема да стане членка на ЕУ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека ставот на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без…

March 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?