Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља

Објавено March 13, 2026 11:24
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ говореше за актуелните политички случувања, односите во владината коалиција, состојбите во правосудството и ситуацијата во опозицијата.

Осврнувајќи се на состојбите во СДСМ, Димитриевски оцени дека опозициската партија се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и дека значителен дел од нејзините активности се насочени кон напади врз Движењето ЗНАМ.

Според него, актуелното раководство на СДСМ не нуди нова политичка визија, а партијата се соочува со внатрешни поделби и незадоволство кај дел од членството.

„Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља. Наместо сериозна опозициска политика, СДСМ денес се занимава со внатрешни пресметки и лични интереси, поради што голем број чесни членови се повлекуваат или ја напуштаат партијата“ – изјави Димитриевски.

Тој посочи дека дел од разочараните членови на СДСМ веќе се приклучуваат кон ЗНАМ, но дека движењето внимателно пристапува кон приемот на нови членови со цел, како што рече, да се изгради стабилен и принципиелен политички субјект.

Димитриевски се осврна и на случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи дека одлуката за домашен притвор претставува сериозен преседан кој дополнително ја поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем.

„Ова е невиден преседан. Лице кое било во бегство и за кое постоела меѓународна потерница не смее да заврши во домашен притвор. На господинот Груби местото му е во истражен затвор, согласно принципите на владеење на правото и законските процедури“ – истакна тој.

Според Димитриевски, ваквите одлуки ја нагласуваат потребата од сериозни реформи во судско-обвинителскиот систем и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Во интервјуто тој се осврна и на можната реконструкција на Владата, посочувајќи дека засега не се разговарало за конкретни кадровски решенија, но дека Движењето ЗНАМ е задоволно од работата на своите министри, кои, како што нагласи, реализираат значајни реформи и системски закони.

Димитриевски порача дека ЗНАМ останува стабилен партнер во рамките на владејачкото мнозинство, со јасна политичка ориентација кон реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Meрц: Германија не е дел од оваа војна во Иран и ние не сакаме да учествуваме во неа
Следна Статија Mило Ѓукановиќ поседува оружје како за мала војска (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Екс заменик-министерот Колемишевски: СДСМ ќе изгуби над 80 отсто од општините што ги контролираше во 2021 година 

Во историјата на секоја сериозна партија, особено на оние што го носеле товарот на државноста, доаѓа момент кога не е…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Се распаѓа ли Европскиот Фронт?! Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата

Зијадин Села се огласи на Фејсбук профилот на својата партија по повод најновата црна листа на Америка, поздравувајќи ја одлуката…

December 10, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

Денес во Чаир, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода од редовите на…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?