Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски од ГП Деве Баир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски од ГП Деве Баир
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски од ГП Деве Баир

Објавено October 5, 2024 14:03
Сподели
Сподели

Денеска 05.10.2024 година (сабота) во 13:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на нов објект на терминалот за стоково царинење со што се означува почетокот од надградбата и реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир и Ќафасан.

Во рамки на Проектот на Светска Банка за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, Царинска управа како краен корисник, а во соработка со Министерството за транспорт отпочна со реализација на градежни работи на патните гранични премини од Kоридор 8, односно на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

Вкупната вредност за изведба на првата фаза од овие проекти изнесува 118 милиони денари, од кои 96 милиони денари за надградба и реконструкција на граничен премин Деве Баир и 22 милиони денари за реконструкција и надградба на граничен премин Ќафасан. На граничниот премин Ќафасан веќе се започнати градежни активности коишто треба да завршат во период од 6 месеци.

Проектот за надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одвива во две фази.

Првата фаза опфаќа изградба на нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на постоечката Управна зграда на самиот граничен премин. За оваа намена Министерството за транспорт склучи договор за градежни работи со македонска фирма во вредност од 96 милиони денари. Средствата за оваа намена се обезбедени преку Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

Со реконструкцијата на Управната зграда ќе се добијат современи услови за работа на царинските и полициските службеници, а со изградбата на новиот објект на терминалот за стоково царинење покрај царинските службеници, бенефит ќе имаат и службениците од Државниот инспекторат за земјоделие и граничната Фитосанитарна инспекција како и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Воедно процедурите за увоз, извоз и транзит ќе се одвиваат на едно место, што ќе претставува олеснување за економските оператори, а ќе се придонесе и кон скратување на времетраењето на завршување на постапките.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Мицкоски.

Изјавата можете да ја следите во живо на линкот во продолжение:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни
Следна Статија ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле откако почина бебе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија доби хаубици БОРАН (ВИДЕО)

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивна промоција ќе…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква,…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов договор со европска држава

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши Вевчанскиот карневал, вевчанци и оваа година беа супер инвентивни

Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во центарот на Вевчани, заврши годинашното издание на Вевчанскиот…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?