Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници
ЗДРАВЈЕ

Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници

Објавено December 31, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за правилна хидратација за време на празниците. Се препорачува водата да биде прв избор, да се избегнуваат слатките пијалаци и алкохолот.

– За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет дена. Оваа година, Институтот за јавно здравје се фокусира на препораки за правилна хидратација за време на празниците, се наведува во соопштението, апелирајќи граѓаните да го преиспитаат нивниот пијалак.

Од ИЈЗ посочуваат дека слатките пијалаци „кријат кисела вистина“.

– Внесот на вакви пијалаци е една од главните причинители за зголемената преваленца на дебелина, дијабетес тип два, кардиоваскуларни болести, забен кариес и други здравствени проблеми. На пример, во Македонија, податоците од Иницијативата за следење на дебелината кај децата, покажуваат дека внесот на засладени безалкохолни пијалаци повеќе од трипати неделно е застапен кај 45 отсто од момчињата и 37 проценти од девојчињата, се истакнува во соопштението.

Се појаснува дека под засладени безалкохолни пијалаци спаѓаат газирани, овошни, спортски, енергетски пијалаци, ладни чаеви и вода со вкусови – ароми. Исто така, кафињата со вкус, чоколадното млеко, пијалаците каде се додава шеќер – бел или кафеав, млеко во прав, шлаг и слично, спаѓаат во оваа категорија.

– Како да избегнеме засладени пијалаци? Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувајте безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови со растворување, сирупи и така натаму. Редовно носете со себе вода во стаклено шише, советуваат од ИЈЗ.

Оттаму апелираат водата да биде сечиј прв избор.

– Консумирајте млеко, јогурт, кефир и слично. Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус – арома. Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер. Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција, појаснуваат од Институтот.

Апелираат дека ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје.

– Меѓународната агенција за истражување на ракот, алкохолот го класифицира како токсична, психоактивна супстанца што создава зависност и канцерогена супстанца – група 1, со што се каузално поврзани седум видови рак: на устата, грлото, душникот, хранопроводот, црниот дроб, дојката – жени и дебелото црево, истакнуваат од ИЈЗ.

На глобално ниво, како што се додава во соопштението, алкохолот придонесува за три милиони смртни случаи и е одговорен за 5,1 отсто од глобалното оптоварување на болести и повреди. Дури 13,5 проценти, како што се наведува, од сите смртни случаи кај оние на возраст од 20 до 39 години се припишуваат на алкохол.

– Консумирањето на алкохол е поврзана со 740.000 нови случаи на рак секоја година на глобално ниво. Сепак, најновите достапни податоци покажуваат дека половина од сите видови на рак што се припишува на алкохол во Европскиот регион на СЗО се предизвикани од „лесна“ и „умерена“ консумација на алкохол – помалку од 1,5 литри вино или помалку од 3,5 литри пиво неделно, појаснуваат од ИЈЗ.

Од Институтот нагласуваат дека некои студии сугерираат оти лесно до умерено консумирање – 1-2 алкохолни единици на ден, алкохол има ограничен заштитен ефект врз инциденцата на кардиоваскуларни болести и тоа, за лица над 40 години.

– Сепак, заштитните ефекти на умерената консумација исчезнуваат при епизоди на висок внес на алкохол, што го зголемува ризикот од сите кардиоваскуларни заболувања. А за лицата на возраст од 15 до 39 години, нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици. Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол. Иако постојат некои потенцијални здравствени придобивки од лесен до умерен внес на алкохол – како што се ефектите врз кардиоваскуларните болести и дијабетес тип два, овие придобивки не ги надминуваат ризиците од рак што се поврзуваат со истото ниво на консумирање алкохол. Следствено, после многу опсежен и студиозен пристап кон оваа двојба, СЗО, има консензуален став со следната изјава „Ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје“, се истакнува во соопштението.

Според д-р Карина Фереира-Боргес-в.д. раководителка на единицата за управување со незаразни болести и регионален советник за алкохол и недозволени супстанции, не можеме да зборуваме за таканаречено безбедно ниво на употреба на алкохол.

– Без разлика колку пиете, ризикот по здравјето на оние кои консумираат алкохол започнува од првата капка. Единственото нешто што можеме да го кажеме со сигурност е дека колку повеќе пиете, толку е поштетно – или, со други зборови, колку помалку пиете, толку е побезбедно, пишува во нејзината изјава.

Покрај СЗО, нордиските, канадските и германските препораки за исхрана од 2023 година, како што истакнуваат од ИЈЗ, наведуваат „бидејќи не може да се обезбеди безбедно ограничување за консумирање алкохол, препораката е дека секој треба да избегнува да пие алкохол“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расчистен случајот со оружјето пронајдено во Арачиново – Лишен од слобода 29-годишен кумановец
Следна Статија Ким Џонг Ун: 2025 година ќе биде „година на голема победа за руската армија и народ“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

Недостигот од медицински сестри во здравствените установи претставува голем проблем, како за болниците, така и за пациентите. Дефицитот од медицински…

May 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 01.06.2025 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем…

June 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

Под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и со поддршка од стручен тим успешно е извршена реконструкција на деформитет на…

March 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и…

July 7, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?