Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вонредна инспекција на АХВ: уништени 110 килограми небезбедна храна во болнички кујни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Вонредна инспекција на АХВ: уништени 110 килограми небезбедна храна во болнички кујни
ЗДРАВЈЕ

Вонредна инспекција на АХВ: уништени 110 килограми небезбедна храна во болнички кујни

Објавено February 2, 2025 11:05
Сподели
Сподели

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори.

„Цел на вонредните контроли во кујните беше контрола дали кујните се регистрирани како оператори со храна, дали и колку ги исполнуваат општите и посебните барања за хигиена, барањата за безбеднсот кои се однесуваат на вработените лица во кујните, примената на правилата за Добра хигиенска пракса и Добра производствена пракса и НАССР процедурите, следливоста, потеклото на суровини, манипулацијата со храна и исполнувањето на микробиолошките критериуми на храната“, информираа од АХВ.

Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за Добра хигиенска и Добра производствена пракса како барања за безбедност на храната.

За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 5 парични казни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американските демократи избраа нов лидер
Следна Статија Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа реконструктивна урологија

На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито-уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој…

October 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси…

February 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот не стивнува: Нови 3.035 заразени, 11,3 проценти повеќе од минатата недела, почина 78-годишен пациент

Од 17 до 23 месецов се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на…

February 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци

При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?