Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
ХРОНИКА

Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

Објавено December 26, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.

На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено лице од Управата за финансиска полиција, Ивановски одговори потврдно.

Да, точно е, има лице од Финансиската полиција поврзано со случајот „Државна лотарија“. Да почекаме да го однесат во обвинителство па ќе споделиме повеќе информации, рече директорот.

МИА се обрати и до Минстерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, од каде ни посочија дека ќе ги проверат наводите и потоа ќе информираат.

Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се во бегство.

За двајца од осомничените во случајот постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секогаш кога ќе ја видат „Соравија“ граѓаните си спомнуваат дека зад вашата реторика стои злоупотреба за финансиски бенефит
Следна Статија Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега…

February 28, 2025
ХРОНИКА

Мотоциклист ноќва загина на автопатот Табановце-Куманово

Денеска околу 02.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, В.С.(34) од с.Лопате, кумановско управувајќи моторцикл „хонда“…

July 20, 2025
ХРОНИКА

Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на актуелниот директор на Државниот инспекторат за…

March 20, 2026
ХРОНИКА

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?