Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
ЗДРАВЈЕ

Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија

Објавено January 15, 2025 14:40
Сподели
Сподели

На Клиника за ортопедија изминатово деноноќие извршена е втора успешна трансплантација со коска од починат донор, соопшти Министерство за здравство.

Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.

– Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал. Со користењето на коска од кадавер, оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна, се наведува во соопштението.

Екипата која ја извршила трансплантацијата ја предводел проф. д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска, заедно со средно-медицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска.

-Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот
Следна Статија Муцунски: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат и ЕУ да донесе стратегиска одлука како понатаму ќе се постапува со нашиот пример

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Правилото од 21 секунда може да открие колку сте здрави

Колку често броите колку време ви е потребно за нужда кога одите во тоалет? Веројатно никогаш - но според една…

July 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега…

January 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) прв пат во Македонија е…

December 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?