Вучиќ: Некои земји во Европа силно лобираат против Србија

- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Давос изјави дека постојат земји во Европа кои силно лобираат против интересите на Србија. Тој конкретно ги спомена балтичките земји, Холандија, Бугарија и Хрватска како дел од тие кои активно работат против српските позиции.

„Сите овие земји, и секогаш една голема сила која се прави наивна, работат против Србија“, изјави Вучиќ, истакнувајќи го нивното влијание врз односите со Србија.

Сподели ја оваа статија