Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција
БАЛКАН

Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција

Објавено October 28, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград, по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, кој е во официјална посета на Србија, изјави дека се надева дека ден пред отворањето на брзата пруга Суботица-Нови Сад, ќе биде потпишана изјава за воспоставување на брза пруга меѓу четири земји – Унгарија, Србија, Македонија и Грција, односно од Будимпешта се до Патра, во должина од 1.683 километри, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ, кој пред две недели најави дека брзата пруга Суботица-Нови Сад ќе се отвори на 24 ноември, на денешната прес конференцијата изјави дека тоа ќе биде неверојатен проект.

-Она што е важно граѓаните на Србија да го разберат е дека наскоро доаѓа кај нас чешкиот премиер за два-три дена, тие градат брза пруга кон Братислава. Оттаму Словаците работат кон Будимпешта, и од север, од Варшава, сите краци исто така одат кон Будимпешта. Така што оттука ќе бидеме целосно поврзани со северот и североисток на Европа и со цела централна Европа, значи Беч-Братислава-Прага. Со ова Будимпешта и Белград стануваат многу важни центри, изјави Вучиќ.

Тој објасни и како ќе функционираат контролите на брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта и како тоа ќе го забрза патувањето.

-Кога ќе имаме брз воз и брза пруга Белград-Будимпешта, ние веќе се договоривме со нашите унгарски пријатели, унгарската полиција и царина да бидат во Белград, а српската во Будимпешта. Нема да има губење време и стоење на граница. Нема да има малтретирање на граѓаните и бескрајно сум им благодарен на пријателите Унгарци што го прифатија нашиот предлог. Од Белград до Будимпешта ќе се патува за два часа и 40 минути. Веруваме дека нашите унгарски пријатели ќе ја завршат својата работа до крајот на 2026 година, изјави Александар Вучиќ.

Претседателот на Унгарија, Тамаш Сујок рече дека постои одлична соработка во однос на изградбата на пругата меѓу Белград и Будимпешта и изрази благодарност за завршувањето на делницата низ Србија.

-Се надеваме дека во следните неколку години ќе успееме да обезбедиме започнување на железничкиот сообраќај и во Унгарија на таа пруга, сè до Будимпешта. Во оваа смисла, исто така, ќе направиме се што е во наша моќ да го олесниме и забрзаме преминот на границата доколку е потребно и со отворање на нови гранични премини, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина
Следна Статија Манчестер јунајтед го отпушти Ерик тен Хаг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Гром удри на фудбалски натпревар во Србија: Двајца фудбалери повредени, еден во тешка состојба

Стравична сцена се одиграла за време на фудбалски натпревар во Србија, кога гром удрил во близина на теренот, при што…

August 4, 2025
БАЛКАН

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

Во тек е процесот на евакуација на српски државјани од Блискиот Исток, а првиот авион со 200 граѓани полета синоќа…

March 3, 2026
БАЛКАН

Во македонска зелка откриена хемикалија штетна по здравјето на луѓето-пратката е вратена од Хрватска

Во зелка од Македонија откриени се остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е…

January 17, 2025
БАЛКАН

Масовни протести во Бугарија: Стотици илјади граѓани бараат оставка од владата

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во среда навечер во Софија и во десетици други градови низ Бугарија и во…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?