Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
МАКЕДОНИЈА

Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка

Објавено December 1, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во остантите делови од државата врнежите се од дожд. 

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека задолжително користење на зимска опрема (ланци) е потребна на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а забрана за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово. 

Од 07:50 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Пресека.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Во западните и јужните делови ќе бидат пообилни каде ќе наврнат над 30 l/m2. На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови (61 сантиметар), а снег има и во Крушево, Попова Шапка, Дебар, Претор, Берово и Битола. Најмногу дожд во последните 24 часа има наврнато во Демир Капија (127 литри на метар квадратен). 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејство со две деца заглавено со возило пред хотел Радика, снежната покривка е околу 80 сантиметри
Следна Статија Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пешев: Живеам во Скопје повеќе од 60 години и досега вака не било, гнасно, нечисто

Бизнисменот Антони Пешев, преку објава на својот фејсбук профил, сведочи дека Скопје никогаш не било понечисто! - Живеам во Скопје…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стефановски: Oва е демонстрација на сила и праќање на порака за контрола и обележување на територии

Вчерашната прослава на албанското знаме која беше проследена со низа инциденти има ракопис на обид за дестабилизација. На прв поглед…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во недела сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?