Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО
МАКЕДОНИЈА

„БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО

Објавено April 14, 2026 13:50
Сподели
Сподели

Со учество на речиси 1.500 припадници на Армијата и поддршка од НАТО-монитори, од 19 до 27 април на воениот полигон Криволак и на повеќе локации во државата ќе се реализира теренската тактичка вежба „Блесок 26“.

Како што информира началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на денешниот брифинг со новинарите, „Блесок 26“ претставува клучна фаза во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) како НАТО-декларирана единица.

– Еден од клучните аспекти е проверка на системот за командување и контрола со цел идентификување можности за негово понатамошно подобрување и поефикасно функционирање – истакна Лафчиски.

Додаде дека вежбата е продолжение на серијалот „Македонски Блесок“ и има цел да ги демонстрира борбената готовност, тактичката обученост и интероперабилноста на единицата во согласност со строгите стандарди на НАТО.

Директорот на вежбата, полковник Игор Арсовски, појасни дека оценувањето ќе го спроведе национален тим сертифициран од НАТО-школата за воени вежби, а целиот процес ќе се одвива под надзор на НАТО-монитори и набљудувачи од мултинационалните копнени сили (MLF).

– Вежбата ќе се изведува под контролирани услови, со јасно дефинирани фиктивни сценарија и употреба на спротивставени сили (OPFOR), што ќе овозможи реална проверка на командувањето, логистичката поддршка и оперативните способности на Лесната пешадиска баталјонска група – истакна Арсовски.

На вежбата ќе бидат употребени современа воена техника и вооружување со кое располага Армијата, меѓу кои оклопни возила JLTV, опремени со системи за далечинско управување, транспортни хеликоптери „ми-8/17“, артилериски средства, вклучително хаубици БОРАН од 105 мм и „М2А1“, како и минофрлачи од 120 мм, специјализирани инженерски возила Husky 1 и 2 за детекција и неутрализирање експлозивни направи, беспилотни летала за извидување и набљудување.

Покрај главните активности на полигонот Криволак, вежбовни содржини ќе се реализираат и во касарните во Штип, Прилеп и Петровец. Пристигнувањето на персоналот е планирано да почне на 16 април, свеченото отворање ќе се одржи на 20 април во Пепелиште, а денот за високи гости и затворањето на вежбата се закажани за 27 април.

Како што беше посочено на брифингот, подготовките за оваа сложена вежба траеле осум месеци и вклучувале серија конференции и работилници, со цел да се обезбеди целосна координација, прецизно планирање и исполнување на воените цели, како и натамошно унапредување на интероперабилноста со НАТО-партнерите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Горивата со нова цена: Дизелот се намалува за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари
Следна Статија Биљана Ангелова и Дарко Данев се кандидати за нов ректор на УКИМ, гласањето е на 28 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Службата за општи и заеднички работи соопшти дека радикално е зголемена наплатата на угостителските услуги кои се наплаќаат од функционерите…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Денес стоиме пред вас со голема гордост и амбиција, развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со посебен закон ќе се спречува изградба на катна гаража зад Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите иформираше дека со посебен закон ќе се спречи изградбата на катната…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?